Играњето „Ѕе“ со вашите деца може да го смени светот! (ВИДЕО)

Седумгодишната Австралијанка Моли Рајт е најмладиот говорник на ТЕД. Taa им откри на родителите што прават погрешно, но и што е најважно за развојот на децата

0
105

„Што ако ви кажам дека играњето Пикабу (или по нашки „Ѕе“), може да го промени светот“, праша седумгодишната Моли Рајт, една од најмладите говорнички на ТЕД.

Ова мало девојче од Австралија одржа говор пред стотина луѓе, а на сцената и се придружија едногодишниот Ари и неговиот татко Амарјот, кои ѝ помогнаа да ги илустрира своите ставови.

„Мојот говор денес открива неколку моќни работи што можете да ги направите како возрасни за да не обликувате во возрасни луѓе какви што ќе станеме. Како го знам тоа? Бидејќи тоа го направија моите родители и луѓето околу мене. Знам, ја немаат сите деца таа среќа, дури и некои од моите пријатели, децата на училиште, многу низ целиот свет, но јас навистина би сакала да помогнам во тоа“, вели Моли.

Таа објаснила дека мозокот на детето рапидно расте во првите години од животот. До седумгодишна возраст, тој достигнува 90 проценти од мозокот на возрасен, што значи дека првите години се важни.

„Важно е да ги научите децата на животни вештини и да обрнете внимание на пет работи: поврзување, зборување, играње, здрав дом и заедница. Ова се работи што можат да им дадат на децата одличен почеток”, додала таа.
Рајт вели дека децата на кои им недостасуваат овие важни работи можеби ќе треба да се борат подоцна во животот.

„Секој момент што го поминуваме заедно е можност да се поврземе, да разговараме и да играме. Замислете ја разликата што би можеле да ја направиме ако сите обрнеме внимание на тоа. Тоа е емоција, а не обична игра. Тоа е нашата иднина. Затоа, играта на криење и барање навистина може да го промени светот“, заклучила таа. Целиот говор на девојчето можете да го слушнете во видеото подолу.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]