Истражувањето потврди: Учениците уназадени со учењето на далечина

Со анализата научниците дошле до заклучок дека „учењето на далечина беше исто толку ефикасно како летниот распуст“.

0
118

Една студија на универзитетот „Гете“ во Франкфурт дошла до заклучок дека учењето од далечина воведено како дел од епидемиолошките мерки, не довело до посакуваните ефекти, туку до уназадување на учениците.

Со анализата научниците дошле до заклучок дека „учењето на далечина беше исто толку ефикасно како летниот распуст“.

„Просечниот развој на учениците за време на учењето на далечина во пролетта 2000 година беше обележан со стагнација, па дури и заостанување, а со тоа ги има истите ефекти како за време на летниот распуст“, објаснил професорот по педагошка психологија Андреас Фреј.

Според него, се зголемил и раздорот во знаењето меѓу сиромашните и богатите, истакнувајќи дека ситуацијата била малку подобра во текот на зимата, бидејќи луѓето се навикнале на онлајн наставата.

Фото: Pexels

loading...