И експертите се согласуваат дека можеби не е лошо на децата да им сервирате десерт пред ручек

Студија објавена во Journal of Experimental Psychology открива дека уживањето во десерт пред главниот оброк може да доведе до поздрава исхрана во целост.

0
288

Склоноста на децата кон слатка храна и пијалоци се универзални меѓу малите деца низ целиот свет. Повеќето родители знаат дека децата за време на оброците се фокусирани исклучиво на тоа вкусно задоволство што честопати го добиваат по главното јадење, но има една добра вест – јадењето десерт пред главното јадење навистина може да има некои придобивки.

Bright Side издвои некои од нив:

Ги учи на одговорност

Слатките можат да бидат важен дел од здравата исхрана и да им донесат многу радост на децата. Служењето десерт на почетокот на оброкот ја неутрализира важноста на десертот и на крајот станува само уште еден дел од оброкот, наместо нешто посебно, нешто што децата ретко го јадат.

Може да помогне при губењето на килограми 

Според една неодамнешна студија, утврдено е дека ако прво јадете десерт, тоа всушност може да доведе до слабеење. Се испостави дека кога учесниците имале обилен десерт на почетокот на оброкот, тие јаделе помалку откако го изеле слаткиот оброк.

Може да им помогне на децата да носат поздрави одлуки

Студија објавена во Journal of Experimental Psychology открива дека уживањето во десерт пред главниот оброк може да доведе до поздрава исхрана во целост. Причината за ова е што кога прво јадете здрав оброк, премногу се радувате на тој вкусен десерт што следи, но ако претходно веќе сте ја задоволиле вашата желба за слатко, на крај ќе јадете нешто поздраво и полесно.

Би можеле да станете подобро расположени 

Не е изненадување што луѓето копнеат по десерти, бидејќи тие можат позитивно да влијаат на нашето расположение. Па, ако на децата прво им послужите десерт, тоа може да го направи времето на ручек и вечера многу помалку стресни за целото семејство. Неодамнешното истражување исто така сугерира дека оние кои повеќе сакаат слатки, веројатно ќе бидат љубезни и сочувствителни.

Фото: Pexels

loading...