Како би реагирале кога би дознале дека вашето дете е вљубено во трансродова личност?

Корисничка на ТикТок, девојка по име Елис, споделила снимка од разговорот со своите родители во моментот кога им открила дека нејзиното момче е трансродова личност. Како би реагирале вие?

0
203

Родителите на девојка по име Елис дознале дека нивната ќерка излегува со трансродово момче, а нивната ќерка го снимила и го објавила нивниот разговор на ТикТок.

@enoblehere

Reply to @mechaemma

♬ original sound – elyse

Нејзините снимки зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат луѓето кога станува збор за трансфобијата и прифаќањето на родовиот идентитет. На првата снимка се слуша како Елис липа додека нејзиниот лут татко вика дека нејзиното момче „воопшто не е момче“, а таа се обидува да го убеди во спротивното.

Потоа тој ѝ вели: „Имаш избор, имаш избор, но ова не е вистинскиот избор и ти го знаеш тоа длабоко во себе“.

Во друго видео, Елис им кажува на своите родители дека таа и нејзиното момче се заедно седум-осум месеци, и во тој момент, таткото ја обвинува дека тоа значи дека е „подготвена да се откаже од своето семејство“. Иако таа се спротивставува на ова тврдејќи дека ги сака своите родители и дека никогаш не сакала да ги повреди, нејзиниот татко одговара дека „поставила ѕид меѓу нив“.

„Ова не е начинот на кој те воспитавме“, продолжува тој, „И ако ова е она што ќе го избереш, не можеме да го промениме, но ќе има последици“.

Додека Елис се жали дека нејзиното момче е „неверојатно“ и дека таа само сакала да биде искрена со нив, нејзината мајка ја прашува: „Дали навистина мислеше дека ќе ја поддржиме оваа врска?“

На крајот, нејзиниот татко ѝ вели дека ако ја продолжи оваа врска, таа ќе мора да порасне многу брзо и дека тој не планира да ја финансира.

Снимката на Елис собрала повеќе од 2,5 милиони прегледи за само два дена.

Во одделно видео, Елис открила дека нејзините родители ја избркале од дома и дека нејзиниот татко повеќе не сака да ја гледа или да разговара со неа, пренесува Independent.

Фото: ТикТок/скриншот

loading...