Како да ги мотивирате децата да ви помогнат со домашните обврски?

Мајка на две девојчиња направила одлиќна табела со бодови со чија помош ги наградува своите ќерки за извршување на домашните обврски, но и ги казнува за неред. Подолу во текстот можете да ја симнете оваа табела и да видите како ова ќе функционира во вашиот дом

0
140

Кира Александер била одлучна во намерата да ги научи децата на одговорност па направила таблица со бодови со чија помош ги наградува за извршување на домашните обврски, но и ги казнува за неред.

Своите две ќерки ги мотивирала да станат одговорни такашто направи табела на активности за кои како награда се добиваат соодветни бодови. Така на пример за чистење со правосмукалка, за чистење мијалник или за миење на семејниот автомобил, можат да заработат од 50 до 250 бодови.

Од друга страна пак, лажењето, тепањето и оставањето на облеката на подот се казнува со одземање и до стотина бодови.

Нејзиниот систем нуди и бонуси од 10 или 20 бодови, а можно е да се освојат за внимателно слушање или за извршување на сите домашни обврски во еден ден.

Наградите кои девојчињата можат да ги добијат во замена за бодовите кои ги собрале се џепарлак, одење на вечера или повеќе време на таблет. За преспивање кај другарча се потребни 500 бодови, а одењето во кино – 750.

Девојчињата можат да си земат и слободен ден во училиште, но за тоа им требаат дури 10 илјади бодови.

Идејата на оваа мајка ја фалат родители од дел од светот, а некои од нив тврдат дека им го сменила животот откако почнале да ја практикуваат.

„Мојот син се ’убива’ за наградите, куќата не ни била никогаш почиста, а тој никогаш подобар“, вели една мајка. Нејзината таблица можете да ја симнете ТУКА,  а ако ви треба дополнителна причина, сетете се на препораките на стручњаците според кои децата кои извршуваат домашни работи, се поуспешни подоцна во животот.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]