Како да го одложите или да го скратите менструалниот циклус?

Колку и да го планирате годишниот одмор, менструацијата може да ве изненади и да ви уништи барем пола одмор. Затоа, вооружете се со лимони

0
518

Ако и вам ви се случи среде одмор да добиете менструација, иако не ѝ е време, посегнете по природен начин со кој ќе го скратите циклусот. Со гаранција!

Со мојата другарка Кате за време на нашите тинејџерски летувања, редовно го применувавме ова. Бидејќи по некое непишано правило, жените и девојките кои поголемиот дел од времето го минуваат заедно или живеат во иста куќа, често имаат менструален циклус во исто време, кога нам ќе ни се случеше тоа, купувавме 1-2 килограми лимони и ги јадевме, онака, исечени на кришки, како портокал. Да, беше кисело, ама забавно и ефикасно. И беше подобра варијанта од онаа, да седиме цел ден во куси пантолони додека сите се бањаат.

Значи, ако ви се случи среде одмор да ве изненади менструалниот циклус или пак знаете дека ќе се случи тоа, одложете го или скратете го со помош на лимони.

Ви советуваме секојдневно да јадете 3-4 лимони. Тие се природен антисептик и антиоксидант кој уништува многу инфекции. Содржат пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калциум и магнезиум, делувајќи на работата на црниот дроб, цревата, желудникот, имунитетниот и кардиоваскуларниот систем. Со својот состав ги отстрануваат желудочните тегоби, спречуваат грчеви и болки во мускулите што е една од пропратните појави на менструалниот циклус.

Лимоните исто така ја регулираат работата и го забрзуваат метаболизмот , што е исто така свијствени за седумдневното „мачење“ на секоја жена. Лимонот не го прекинува менструалниот циклус, но го скратува времето на крварење, а ако почнете со консумирањето на оваа количина лимони пред да добиете мензис, тогаш тој ќе биде одложен сѐ додека консумирате лимони.

Ако не сте љубител на кисели вкусови и баш никако не можете да изедете толкава количина лимони, земете контрацептивни пилули, но на сопствен ризик.

Фото: Pixabey

loading...