Како да се биде пристоен баба и дедо?

Сите знаеме дека бабите и дедовците се исклучително важни во животот на децата, но понекогаш односите меѓу возрасните членови на семејството можат да станат многу „затегнати“ по пристигнувањето на бебето. Еве неколку совети за тоа како да одржите квалитетни семејни односи

0
416

Врската со вашиот партнер, но исто така и со семејството можат да бидат главен извор на стрес, и ако на ова го додадете и бебето, ќе сфатите дека по доаѓањето на новиот член целиот семеен систем може да биде толку напнат што понекогаш се чини дека ќе има експлозија. Значи, во интерес на подобри семејни односи и мир во куќата, им ги нудиме следниве совети на бабите и дедовците:

1. Не очекувајте да бидете во првите редови
Многу жени сметаат дека раѓањето на детето е интимен настан, а не спорт во кој учествуваат многу гледачи. Почитувајте го ова.

2. Запомнете: тоа не е ваше дете
Вашето дете е мајка или тато на ова бебе. Малото дете ви е внук. Апсолутно прекрасно, но бидејќи нема вие да го лулате и да го храните во текот на ноќта, не го користете изразот „моето бебе“. Да не спомнуваме дека такво нешто не можете ниту случајно да споменете додека бебето е сè уште во матката. Семејните односи нагло се влошуваат по ваквите изјави.

3. Внуците не се „поправен испит“ за вашето родителство
Вашето сопствено родителско искуство можеби не било она што вие посакувавте да биде. Веројатно сфативте дека би ги правеле работите поинаку ако имате нова шанса. Тоа не може да го поправите преку своите внуци. Затоа, не изненадувајте никого на роденденската забава со патување на море или со кловн.

4. Не нудете совет
Ако новите родители го сакаат вашето мислење, тие ќе го побараат тоа. Несаканите совети може да се сметаат за пасивно агресивни навреди, затоа не одете во таа насока и не ги испробајте границите. Никој, особено новата мајка не сака да чуе дека куќата треба да биде почиста, дека бебето не добива на тежина доволно брзо. Да, сте одгледале дете, но ова не е вашето бебе.

5. Внучето не е кукла
Не „зборувајте“ преку вашето внуче: „Мамо, би сакала да го поминам следниот викенд кај баба“. Не го правете тоа. Тоа е непријатно, пасивно агресивно и изгледате како чудак. Освен ако не сте професионален зборувач од стомак, тоа веќе би можело да биде навистина смешно.

6. Не правете своја соба за бебето
Освен ако не ве замолат да го чувате бебето  со полно работно време (не претпоставувајте). Бебето нема да има потреба од сопствен мебел во вашиот дом. Не правете ништо без договор со неговите родители.

7. Прифатете го името
Секако дека постои име што навистина ви се допаѓа, можеби е традиционално, можеби е креативно. Можеби ви се допаѓа, но никој не мора да го слушне ако не сака.

8. Прво јавете се
Колку и да е неодоливо и убаво вашето бебе, не доаѓајте на гости без претходна најава. Јавете се, но не кога сте веќе пред нивната куќа. Неколку дена однапред е вистинското време да најавите посета. Бебето нема да „избега“ никаде.

9. Без натпреварување

Да се ​​биде баба и дедо не е натпреварувачки спорт. Од кого ќе го добијат најголемиот подарок, облека, најмногу играчки … ништо од ова не гарантира убав однос со внучето и родителите, а квалитетот на врската нема да биде подобар ако купувате многу.

10. Не сте сигурни, прашајте

Толку многу работи се сменија, поинаку се размислува за безбедноста, за алергиите на храна, дури и позициите на спиење се сменија. Затоа е секогаш добро да се праша. Навистина, почитувајте ги родителските одлуки и граници. Не можете да погрешите ако го почитувате вашето возрасно дете и неговиот/нејзиниот сопруг како тим.

Фото: Pixabay

loading...