Како изгледа растењето со родители-зависници во град полн со дрога

„Кога си одат дома се преслекуваат во старата валкана облека затоа што родителите би им ја продале новата за хероин“, вели заменик-директорот на средното училиште Портсмут, Дру Еплгејт, за Њујорк Тајмс.

0
680

Портсмут, Охајо – Мајката на Лејла Кег се врати дома по три недели и рече дека завршила со хероинот. Таа е подготвена за лекување и сака да учествува во животот на нејзината ќерка. Но, Лејла веќе го слушнала сето ова и не верува во ниту еден од зборовите на нејзината мајка.

Нејзината доверба беше целосно уништена откако таа со години ја гледаше нејзината мајка, како наизменично се лекува и се враќа на нејзината зависност. А потоа ова најново откритие: Пред некој ден најдов игла во чантата, вели Лејла додека седи на кујнската маса. И баба најде уште две во машината за перење.

Пауза, а потоа и канонада од извинувањата на мајката. Лејла (17) ги превртуваше очите и воздивна. Пет дена подоцна, нејзината мајка, Ники Хор, повторно исчезна.

Повеќе од 20 години откако почна да се користи Оксиконтин – и близу 400.000 смртни случаи од предозирање подоцна – цела генерација расте среде историска епидемија: децата чии семејства се заробени во маѓепсаниот круг на зависност, рехабилитација и затвор.

Во јужниот дел од Охајо секој знае некој што во некој момент се борел со зависност. Од предозирање, во 2017 година, починаа 51 лице. Во едно училиште, четири деца од предучилишна возраст ги загубија своите родители поради дрога, а една петтина од родителите страдале во убиства поврзани со наркотици.

Дваесетина млади луѓе од оваа област го опишале хаотичниот семеен живот обележан со злоупотреба и занемарување. Тие раскажуваат како ги молеле своите родители – кои почесто трошат пари за следниот фикс, наместо за храна – да престанат да користат дроги, и честопати ги наоѓаат во несвест и со пена на устата поради предозирање. Интервјуата со нив биле координирани од страна на социјалните работници, едукатори и активисти, а со помладите од 18,  членови на црквата и нивните старатели и родители кои им дале дозвола да зборуваат и во некои случаи биле присутни.

Во округот Сајото, во јужниот дел на Охајо, сѐ поголем број на деца се раѓаат со зависност од опиоиди, запоставени деца, и многу од нив имаат тешкотии во учењето. Некои од нив дури и не можат да зборуваат. Наставниците во училиштата често наведуваат насилни испади, но исто така и дека голем број деца од овие семејства остануваат во училиштата додека училиштето не се затвори, бидејќи не сакаат да си одат дома. Некои луѓе се враќаат наутро и само патем напоменуваат дека нивниот родител починал од предозирање претходната ноќ.

Полицијата наведува случаите на деца кои биле сексуално злоупотребени, врзани или пронајдени како спијат на картон во куќа полна со измет од куче и игли.

Средното училиште Портсмут на некои деца им е на многу начини како дом. Тука појадуваат и ручаат, а наспроти современите училници и компјутерски лаборатории тука е и просторијата за перење. Повеќето деца во училиште доаѓаат во иста неиспрана гардероба со денови, па чиста облека, шампон, сапун и дезодоранси секогаш може да се најдат на полиците во училиштата.

Сепак, голем дел од нив, кога ќе заѕвони ѕвончето на последниот час и ќе дојде време да си одат дома, се преслекуваат во старата, валкана облека, „затоа што нивните родители ќе им ја продадат новата облека за да купат дрога“, вели заменик-директорот на училиштето Дру Еплгејт.

„Ние не живееме во земја од третиот свет, но некои од децата живеат во такви услови“, вели Еплгејт и додава дека занемарувањето на децата со кои се среќава го потсетува на сиромаштијата со која се соочувал пред две децении во текот на мировните мисии на Балканот.

„Децата се одгледуваат самите“, вели Еплгејт. „Родителите не се тука, баш како во Босна”.

Портсмут, како и многу други американски градови кои ги разориле опиоидите, некогаш бил исклучително моќен во економски поглед. Пред еден век, индустријата за чевли и челик цветале, а градот имал и професионален фудбалски тим. Некои делови од градот сѐ уште се во добра форма, но поголемиот дел од градот е пропаднат.

Во округот Сајото кој долго време се сметал за епицентар на епидемијата во Охајо, само во 2010. Година се препишани близу 9,7 милиони рецепти за апчиња – што, според официјалните податоци значи 123 таблети по глава на жител. Кога лекарите престанале да препишуваат опиоиди, повеќето корисници преминале на хероин или фентанил.

Потресните приказни за животот со зависниците постојано се прераскажуваат во училиште. Кристијан Робинсон (18), кој планира да им се придружи на маринците, откако ќе заврши средно, неодамна изјавил дека неговата мајка отишла на лечење кога тој имал 11 години, но дека минатата година повторно почнала да користи хероин. Сега живее на неколку часа возење од него.

„Мамо рече дека дури и ние, нејзините деца, не сме доволно добра причина за да остане чиста“, вели Кристијан. Една од неговите сестри е родена со зависност од крек, додава тој, а неговиот брат е зависен од оксикодон.

Повеќе од половина од членовите на софтбол тимот во средното училиште во Портсмут имаат членови на семејството кои се зависни од опиоиди, а многу од нив живеат со бабите и дедовците или со соседите, вели Кристен Брадшо, која е тренер по софтбол и честопати организира појадок пред натпреварите за викенд.

Таа ѝ се восхитува на внатрешната сила на Лејла и нејзината способност да се фокусира на теренот. Меѓутоа, овие денови, Лејла е отсутна. Никој не ја носи на натпреварите и стресот конечно дојде по своето.

Таткото на Лејла долго не бил дел од нејзиниот живот. Сега живее со својата баба. Покрај тоа што е една од најдобрите играчи на софтбол во училишниот тим, таа игра и кошарка.

Сонува да стане медицинска сестра, а не застанува ниту со оценките.

„Училиштето е моето среќно место“, вели Лејла.

Една недела откако повторно се изгуби, мајката на Лејла ѝ испрати порака за време на чаот по математика. Лејла ја замолила да се врати дома и да отиде на лекување.

Ники одбила велејќи ѝ дека е чиста, но дека нема да биде тука некое време. „Сакам да не постојам“, ѝ напишала таа на Лејла.

„Болна си, само не си во состојба да го признаеш“, ѝ одговорила Лејла. „Среди се и биди повторно моја мајка“.

Преземено од ТУКА.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]