Катастрофални последици од карантинот: Во светот може да дојде до 7 милиони непланирани бремености

Прекините во синџирот на снабдување може да ги направат контрацептивните средства недостапни за 47 милиони жени во земјите во развој, соопштила Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на ООН.

0
297

Мерките за социјална изолација заради пандемијата на коронавирусот може да резултираат со седум милиони непланирани бремености, покажуваат објавените податоци на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Прекините во синџирот на снабдување може да ги направат контрацептивните средства недостапни за 47 милиони жени во земјите во развој, соопштила Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на ООН.

Анализата на УНФПА исто така предвидува дека шест месеци карантин може да доведе до 31 милиони дополнителни случаи на сексуално насилство, бидејќи жените остануваат заробени дома подолго време.
Се проценува дека одложувањето на програмите усмерени на укинување на практиката на генитално осакатување на жените (FGM) и на детските бракови заради пандемијата, ќе резултира со два дополнителни милиони случаи на FGM и нови 13 милиони детски бракови во текот на следната деценија кои инаку би можеле да бидат спречени, предупредува УНФПА .

„Иако станува збор за груби проценки, овие податоци покажуваат катастрофални потенцијални последици од ковид 19 за жените и девојчињата ширум светот“, истакнала извршната директорка на ахенцијата на ОН Наталија Кенем во соопштение за медиумите.

„Пандемијата ги продлабочува нееднаквостите, доведувајќи во опасност милиони жени и девојчиња да ја загубат можноста да го испланираат своето семејство и да ги заштитат своите тела и своето здравје“, рекла Канемова.

„Репродуктивното здравје и правата на жените мора да бидат заштитени по секоја цена“, додала таа.

УНФПА работи со владите за зајакнување на здравствените системи, обезбедување достапност на клучните услуги и го поттикнува вклучувањето на заедницата.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш неодамна предупреди на „грозен глобален скок“ на семејно насилство за време на епидемијата на коронавирус и ги повика владите да ги интензивираат напорите усмерени на спречување на насилството врз жените.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]