Кога добрината и љубезноста стануваат проклетство

Ако не можете да се воздржите и постојано сте загрижени за сите околу вас, ако сте постојано добри и љубезни и најчесто заборавате на себе, не се опуштајте премногу и не верувајте многу на она дека добрината и љубовта со добрина и љубов се враќаат.

0
331

Колку пати не сте можеле да заспиете затоа што не сте можеле да престанете да се грижите за проблемите, за своите, за туѓите, за реалните, за оние што допрва ги очекувате? Колку пати не сте биле во можност да се фокусирате на она на што би требало, заради постојаното размислување дека нешто ќе им се случи на вашите сакани, заради постојаниот страв од негативните настани кои наскоро би можеле да се случат? Впрочем, сте се прашале ли некогаш колку време во денот трошите грижејќи се за нешто?

Сите, или речиси сите, сме научени дека треба да бидеме љубезни со другите. Кажано ни е дека е тоа пожелно, дека тоа ни гарантира многу љубов и пријателства. Но, светот не е совршен, па добрината и љубезноста се претвораат во проклетство.

Поентата на сето ова е дека не е добро да се биде „премногу добар и љубезен“. Ако сте добра личност, многу е веројатно да ви се случи нешто од следново:

Веројатно често сте се наоѓале во непријатни ситуации затоа што луѓето знаеле дека сте „премногу добри и љубезни“, па не ги почитуваат вашите граници.

Ако сте љубезни, нема да се карате со другите, а многумина го сметаат тоа како дозвола да ве „прегазат“. И така постојано се обидуваат да ја тестираат вашата флексибилност.

Не се сите луѓе сочувствителни. Некои од нив ќе сторат сѐ за да го постигнат она што го сакаат. Тие не се грижат за чувствата на другите луѓе. Дури и ако сте биле повеќе пати со нив кога сте им требале, малкумина ќе бидат покрај вас кога вам ќе ви затреба.

Љубезните луѓе обично вложуваат многу време и ресурси во другите. За нив е непријатно да побараат помош за себе кога не се чувствуваат добро. Сите им се поважни од самите нив.

Ако сте многу љубезни, многу луѓе го доживуваат ова како нешто сомнително. А вие упорно верувате во она дека добрината и љубовта се враќаат со добрина и љубов.

Најдобрата опција е кога добрата личност е опкружена со добри луѓе. Со нив се чувствува безбедно. Но, понекогаш, заради својата љубезност, добрите луѓе почнуваат да им помагаат на оние што не ги ценат или ги повредуваат. Мора да се погрижите за себе бидејќи ќе станете незадоволни, а незадоволството е ужасно чувство. Ги уништува пријателството, романтичните врски и создава проблеми со довербата. Сите добри луѓе порано или подоцна  се соочуваат со тоа. Ако сте му помогнале на вашиот пријател да се извлече од неволја, а тој потоа се дистанцира од вас, веројатно ќе се вознемирите. Прво треба да бидете сигурни дека тоа не ве уништува вас.

Добрите луѓе не сакаат да ги гледаат страдањата на другите луѓе. Поради ова, дури и кога реално немаат вина, тие сепак бараат прошка само за да ги направат другите посреќни. Но, проблемот е што извинувањето значи признавање на вината.

Важно е да престанете да се извинувате во секоја пригода, без никаква вина.

Преземањето одговорност за сопствените одлуки и постапки е манифестација на храброст, но никогаш не користете го зборот „прости“ за туѓите грешки.

Ако сте премногу љубезни, тешко е да му кажете некому не. Не сакате другите луѓе да бидат тажни. Како резултат на тоа, тие ви наметнуваат многу обврски. Научете да кажете НЕ. Нема потреба да смислувате изговори, само кажете НЕ. И внимавајте да не станете мамка за себичните луѓе.

Да се биде љубезен е неверојатен квалитет, но прекумерната љубезност може да ве повреди. Смисолот на животот е во одржувањето на правилна рамнотежа. Бидете по малку себични.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]