Кога почнуваат бебињата да си го препознаваат името?

Сите бебиња се различни, но има некои вообичаени работи на кои како родител можете да обрнете внимание додека го набљудувате вашето бебе и неговите реакции кога ќе му го изговорите името.

0
96

Кога чекате бебе, вложувате многу време и енергија во изборот на име, па затоа не треба да чуди што многу родители се желни нивното бебе да научи да го препознава. Сепак, како и со многу други развојни пресвртници, нема сите бебиња да научат да го препознаат своето име во исто време.

Бебињата имаат свое темпо. Некои можат да го направат тоа порано, а други подоцна. Ако вашето дете проговори подоцна, можеби ќе почнете да се грижите дека нешто не е во ред со него и може да се сомневате дека е тоа проблем со развојот на говорот.

Но, тоа само по себе не е причина за паника. На вашето дете може да му треба малку повеќе време отколку на другите. Пресвртниците во развојот се маратон, а не спринт. Порталот Family Education, со советите на др. Расел Хортон, зборува подетално за некои правила во однос на детскиот говор.

Кога бебињата реагираат на нивното име?

Др. Расел Хортон, овластен педијатар од Банер Хелт, Аризона, вели дека бебињата обично го препознаваат звукот на своето име кога имаат девет до десет месеци.

„Некои бебиња може да се свртат кон звукот на нивното име пред тоа“, вели Хортон.

Тој додава дека од 15-месечна возраст децата подиректно ќе одговараат на нивното име.

Времето кога бебињата реагираат на нивното име генерално одговара на времето кога почнуваат да се гушкаат и да се обидуваат повеќе да комуницираат со својот глас. Според Американската академија за педијатрија, многу бебиња најчесто реагираат на своето име до една година, а исто така ќе почнат да брборат и да го користат карактеристичниот детски говор.
Многу едногодишници дури можат да се обидат да кажат „ма-ма“ и „та-та“. Ако вашето бебе сè уште не успеало, во ред е. Ова се само работите на кои треба да внимавате додека расте.

Знаци дека вашето бебе е во процес на учење да го препознае своето име

Сите бебиња се различни, но има некои вообичаени работи на кои како родител можете да обрнете внимание додека го набљудувате вашето бебе и неговите реакции на името. Ако почне да прави нешто од следново, може е многу блиску:

Се врти за да види од каде доаѓа звукот на неговото име
Запира со она што го прави и го крева погледот
Може да се насмее или да се разбрбори кога ќе го слушне своето име.

Ако забележите дека вашето бебе прави такви работи, можеби е на добар пат да го препознае своето име и да достигне други важни развојни пресвртници.

Како да му помогнете на вашето бебе да си го препознае името?

Ако сакате да му помогнете на вашето бебе да го препознае сопственото име, Хортон предлага да започнете да го користите што е можно поскоро за да му се обратите на вашето дете и да се обидете да бидете доследни.

„Повторувањето е клучен фактор во учењето на доенчињата и малите деца“, вели Хортон. Додека му помагате на вашето бебе да научи да го препознава своето име, важно е да користите и топол глас.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]