Лекот за регулирање на хормоните е во кујната

Со текот на годините кај жените доаѓа до хормонален дисбаланс, но наместо веднаш да посегнете по таблети, пепорачуваме да го започнете утрото со топла вода со лимон, да пиете чај од лисја од малина во текот на денот и да се почестите со топло златно млеко пред спиење.

0
308

Кога размислувате за хормоналното здравје, што прво ви паѓа на памет? Таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефикасни природни лекови.

Темата за избалансираното хормонално здравје со годините станува сè поактуелна. Следуваат скапи лекови и бескрајни консултации со гинеколог. Обидете се да ја спречите потребата од лекови кои ги регулираат хормоналните промени, кои се јавуваат со годините!

Ова се три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните

Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон придонесува за губење на тежината, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето на храната. Причината за тоа е што лимонот влијае на хормонот за ситост – лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидрираност и го подобрува варењето на храната.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте ја наеднаш. Утрото ќе ви започне подобро со овој пијалак.

Чај од лисја од малина

Лисјата од малина веќе долго време се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека ова растение има корисен ефект врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста немаат тешкотии за време на породувањето.

Рецептот е исто така едноставен: прелијте една лажица лисја од малина (може да се користат и исушени) со 200 мл врела вода и оставете да стои 10 минути. Не го пијте овој чај пред спиење, подобро е да го пиете во текот на денот.

Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и го балансира нивото на хормони во телото. Овој пијалак загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувачи, кои прават корисна комбинација за регулирање на хормоните и генерално имаат корисен ефект врз организмот.

Ајурведата смета дека куркумата е активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина лажичка куркума и лажичка масло од кокос. Можете исто така да додадете мед, по вкус. Овој пијалак е подобро да се пие навечер. Повеќе детали тука.

Препорачуваме да го започнете утрото со топла вода со лимон, да пиете чај од лисја од малина во текот на денот и да се почестите со топло златно млеко пред спиење.

Фото: Freepik

loading...