Мајката има 52 килограми, а бебињата близначки тежат по 10 (ВИДЕО)

Алексис Лару е мајка на близначки кои при раѓањето тежеле по три килограми, а сега, на седуммесечна возраст тежат по 10. Интересно е тоа што мајката е ситна по градба и самата тежи само 52 килограми

0
201

Оваа мајка на близначки станала вирална на „Тикток“ откако ги родила своите близначки кои при раѓањето тежеле секоја по три килограми, но наскоро нивната тежина се зголемила тројно и сега, на возраст од седум месеци, секоја тежи речиси 10 килограми.

Затоа, неверојатна е глетката кога Алексис со 52 килограми ги носи двете бебиња во раце.

„Нормално е бебињата со повеќекратна бременост да дојдат на свет со помала тежина при раѓање. Тоа го очекував. Сепак, тие се родени со нормална тежина и од тогаш брзо напредуваат”, вели Алексис, истакнувајќи дека ниту нејзиниот сопруг не е џин и е висок 180 цм.

@themejiafamily_

This is not 🧢

♬ original sound – NYC.Treyvonnnn🤬

Бебињата сега имаат седум месеци и носат облека што одговара на деца на возраст од 12 до 18 месеци. Инаку, просечната тежина на седуммесечно бебе е 7,5 килограми.

Видеата што Алексис ги објавува имаат милиони прегледи. Рекордот е она во кое ги носи двете бебиња со една рака. Има 48,2 милиони прегледи.
„Никој не верува дека тие се мои“, рече таа.

Алексис тежела 48 килограми пред бременоста и се здебелила 36 килограми за девет месеци.

„Педијатарот не е загрижен заради нивната големина, тие само растат брзо“, заклучува мајката.

@themejiafamily_

Draft but i like this one better now 😂

♬ original sound – Caramel Express

 

 

@themejiafamily_

No babies were harmed in the making of this video 🥰🥰

♬ Linda And Heather Theme Song – nooneinparticular

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]