Мајка на 3 деца ги моли родителите да ги намалат стандардите за училишниот оброк

Блогерката Лаура Маза која е позната по тоа што нема влакна на јазикот, прашува кој го почна трендот на фенси кутии за ручек за децата, поради кои децата кои немаат такви, се чувствуваат несакани

0
638

Австралијанската блогерка и мајка на три деца ги моли другите родители да ги „намалат стандардите за училишниот ручек“, за децата кои немаат фенси оброци да не се чувствуваат несакани

Пакувањето на кутијата за ручек за вашите деца што е и хранлив и достапен и нешто што тие всушност ќе го јадат е вистински предизвик.

Една мајка на три деца ги замолила другите родители да го спуштат „стандардот“, тврдејќи дека бранот на фенси трендови за храна за децата, ризикува некои да се чувствуваат „несакани“.

Лаура Мазза, блогерка која го води блогот Mum On The Run, го критикува растечкиот тренд на бенто кутиите за ручек со оброци со малку шеќер и органски намирници.

Во фрустрирачки пост на Фејсбук, таа напишала: „Да се биде родител во 2020 година е некаков „булшит“, дозволете ми да ви кажам“.

Мајката – која честопати ја споделува искрената реалност на мајчинството преку Интернет – продолжува: „Поминав повеќе од три часа, барајќи бенто кутии, протеини до јаглени хидрати до шеќер, за оние мали прегради и како да ја направам храната да изгледа како среќна коала и лубеница исечена во форма на срце за да му покажам на моето дете дека не е несакано.

„Бидејќи сите други деца ги имаат овие екстравагантни ручеци а неговата мајка само сака да се вратат старите добри денови за да се биде родител, во 91 година, кога ќе добиеше сендвич со домати завиткан до половина во хартиена кеса и ќе добиеше што ќе добиеше и немаше да се вознемирува.

Кој го започна ова? Кој го постави овој стандард? Нека престане.

„Поради тебе, морам да го исечам сендвичот во форма на желка, да направам переци од нула и да правам органски двоен мафин кој е покриен со зеленчук ….“

Нејзиниот пост доби над 1.000 лајкови и повеќе од 560 коментари.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]