Мајка на 57?

Педесетиседумгодишна Американка пред неколку дена станала мајка по вторпат. Во 2016.година починала нејзината 13-годишна ќерка. Додека се опоравувала од тешката загуба, сонувала повторно да стане мајка.

0
256

Според nbcboston, Барбара сега е една од најстарите жени во Америка која се породила во тие години. Вели дека бременоста не ѝ била тешка затоа што била физички активна цел живот.

„Јас кревав тегови буквално еден ден пред породувањето. Го сакам кросфитот и тоа има големо влијание врз моето здравје“, изјавила Барбара за медиумите.

Барбара и Кени поминале низ трагедија во 2016. година, кога ја изгубиле 13-годишната ќерка.

„Моли имаше 13 години и имаше недијагностициран тумор на мозок. Таа ненадејно почина“, вели Барбара. Додека се опоравувало од таа загуба, ја обзела неопислива желба да роди друго дете.

„Почнав да сонувам за мајчинството и мислев дека е малку лудо“, вели таа.

Сепак, нејзиниот сопруг се согласил и се обратиле во клиника за ин витро оплодување. На прашањето зошто некој во педесеттите би сакал да роди бебе, тие велат: „А зошто да не?“ Бидејќи веќе се соочиле со загуба на дете, свесни се дека иднината е неизвесна. Затоа истакнуваат дека никој, без оглед на годините, не може со сигурност да каже дека ќе доживее да го гледа растењето на своето дете.

„Не знам каде ќе бидам за 10 години, но дали постои човек што знае? Зошто Џек да не добие можност да живее само затоа што јас сум стара?“, прашува Барбара, надевајќи се дека нејзината приказна ќе ги охрабри жените кои се борат да забременат и ќе ги потсети дека годините се само број.

Фото: NBCBOSTON.COM/YOUTUBE

loading...