Мајка објавила сет строги правила за гостите: Бара негативен тест и да не го бакнуваат бебето

Новопечена мајка објавила список со правила што им ги испратила на семејството и на пријателите кои сакаат да го посетат нејзиното новороденче во време на пандемијата на коронавирус.

0
3082

Лола Хименез (33) од Лондон ги предупредила потенцијалните гости кои сакаат да дојдат и да го видат нејзиното новородено бебе дека мора да ги почитуваат нејзините правила или ќе побара од нив веднаш да си заминат.

Таа ги објавила правилата и на Инстаграм, каде што ја следат над 9.100 луѓе, за да ги охрабри другите мајки слободно да поставуваат граници и да го прават само она што им е пријатно.

„Решив да не се вакцинирам за време на бременоста, така што ниту јас ниту Даниел немаме имунитет. Мојата цел е да го заштитам моето бебе и да не водам чудни разговори во живо. Дури и пред пандемијата на коронавирусот видов дека луѓето се чувствуваат непријатно во ситуации кога некој сака да го бакне нивното бебе или таа сака да го подржи. Затоа ги напишав деталните правила и ве замолувам да ги почитувате моите желби“, напишала таа и ги нанижала правилата.

Првото правило е дека тие нема да примаат посети во првите недели по породувањето. Кога ќе одлучи да го стори тоа, сака нејзините гости да ги соблечат чевлите и јакните и да ги измијат рацете со сапун и да ги дезинфицираат.

„Трето, ако реков дека можете да дојдете на посета, ве молам направете брз тест на денот на посетата и испратете ми фотографија од негативниот наод. Не морам да напоменам дека не доаѓате ако сте позитивни или се чувствувате лошо“, се вели подолу.

Во нејзиниот дом не се пуши и ги моли посетителите да го почитуваат, како и да не пушат барем еден час пред пристигнувањето.

„Ако смрдите на чад, нема да можете да го држите бебето и немојте да се чудите ако ве замолам да си заминете. Не се појавувајте пијани. Нема да ве пуштам внатре. Не претпоставувајте дека ќе може да го држите бебето ако сте поканети. Веројатно нема да дозволам да бидете во близина на бебето додека не порасне и не го зајакне својот имунитет“, се некои од правилата.
Седмо, таа замолува нејзиното дете да не се бакнува во лицето, рацете или нозете. Потоа, не очекува подароци од гостите, а ако тие одлучат да го сторат тоа, забележува: „Не купувајте од втора рака. Веќе добивме многу работи”.

На крајот, таа вели: „Мајката знае најдобро. Ако таа ви каже „не“ или сака гостите да си заминат, тогаш ве молиме направете го тоа.”

Лола го родила синот Даниел во август и за да се заштити себеси и нејзиниот син од инфекција со ковид-19, таа се изолирала веднаш по породувањето. Таа е самохрана мајка и зачнала со помош на донатор на сперма и не сака да си поигрува со здравјето на синот што очајно го посакувала со години.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]