Млада мајка ја скрши стигмата и ја покажа својата беззаба уста (ВИДЕО)

Мајка на која во текот на бременоста кариесот ѝ ги изел забите, покажа како изгледа без протези и ги предизвика и другите млади луѓе кои од која и да е причина останале без заби, да го направат истото. Со протези или без, ние сме исти, порачува таа

0
474

36-годишната ТикТокерка Алиша, која се претставува како Princess Glitterhead, одлучила да покаже како изгледа нејзината протеза, односно како изгледа таа без неа.

„Јас сум жена со протези и денес ќе ви покажам како изгледам и без нив. Сакам да им покажам на сите дека сме убави и во двете варијанти”, вели таа во едно од видеата со кои се обидува да ја разбие стигмата поврзана со носењето на забните протези.

Луѓето, воодушевени од нејзината храброст, почнале да ја прашуваат како ги изгубила забите и зошто морала да стави протези.

„Мојот сопруг и јас се венчавме кога имавме 20 години, а првото дете го добивме една година подоцна. Тогаш започнаа моите проблеми со забите. Бебињата имаат потреба од многу калциум, па забите ми станаа шупливи одвнатре и едноставно ми пукаа и паѓаа“, вели таа.

Алиша го родила своето второ дете на 24-годишна возраст, а по таа бременост потрошила 10.000 долари за да ги спаси горните заби.
Одев на забар секоја недела една година. Ми направија мостови од два троделни мостови, горниот корен ми беше канализиран и ми беа поставени крунички. По девет години, еден од тие мостови се загнои и јас бев подготвена за протеза“, вели Алиша.

Таа влегла во ординацијата со 13 свои заби и излегла по два и пол часа со 10 импланти – шест на горната вилица и четири на долната.

„Потрошив вкупно 16.900 долари на заби“, заклучила таа.

Интересно е што на нејзиниот предизвик да се снимат себеси со и без протези, се одзвале и други млади луѓе.

@princxssglitterhead

I do it #forme AND I’ll do it #foryou #ShadowAndBone #withorwithoutteeth #withorwithout #snapindentures #selfacceptance #societyawareness #teethtoker

♬ Моя голова винтом (My head is spinning like a screw) – kostromin

@princxssglitterhead

Came through drippin😅#drippinspit #IFeelWeightless #withorwithout #normalizedentures #catfishchallenge #iwin #toothlessprincess #teethtok #dentaltok

♬ WAP Remix SBU Beats – Isaiah Southall

loading...