Може ли масажата да ви помогне да ги зголемите шансите за зачнување?

Постојат многу работи за кои многумина тврдат дека помагаат при зачнување и ги зголемуваат шансите да станете родител. Додека некои од нив, како практикување здрав начин на живот или следење на овулацијата, звучат сосема логично, има и такви совети кои можеби ви изгледаат невообичаени.

0
41

Патот до раѓањето на детето за многу парови е долг и мачен. Тоа е вистинска борба во која честопати не е лесно да се победи.

Постојат многу работи за кои многумина тврдат дека помагаат при зачнување и ги зголемуваат шансите да станете родител. Додека некои од нив, како практикување здрав начин на живот или следење на овулацијата, звучат сосема логично, има и такви совети кои можеби ви изгледаат невообичаени.

Една таква донекаде чудна работа е масажата. Дали масажата навистина може да ги зголеми шансите за зачнување?

За почеток, нема јасни докази за тоа. Но, масажата може да го намали нивото на вознемиреност, што може да биде корисно. Како што сите знаеме, стресот може да го отежне зачнувањето. Значи, намалувањето на нивото на стрес со масажа може да ги подобри шансите за забременување. Сепак, треба да се има предвид дека стресот сам по себе не е главната причина за нечија неплодност.

Како стресот може да влијае на плодноста?

Високото ниво на стрес може да го „збуни“ мозочниот хормонски центар. Односно, вашиот мозок можеби нема да ги испрати хормоните потребни за да им кажат на јајниците кога треба да ја ослободат јајцеклетката, што ја одложува овулацијата. Покрај тоа, стресот може да влијае на вашата љубовна врска и да го намали сексуалниот нагон.

Понатаму, ако на вашиот партнер или вам ви се дијагностицирани проблеми со плодноста, може да се чувствувате вознемирено. Затоа, масажата може да ви помогне да се опуштите.

Односно, масажата може да има дури и терапевтски ефект. Помалата напнатост во телото ќе ви помогне подобро да се справите со грижите и стресот, но не заборавајте да го направите тоа кај сертифициран терапевт, пишува Times of India.

Фото: Pexels/ Elly Fairytale

loading...