Може ли обичната вода да биде опасна за бебињата под шест месеци?

Многу родители се прашуваат дали на бебето на возраст под шест месеци, кое се храни со мајчино или со адаптирано млеко треба да му дадат вода.

0
133

Лекарите се прилично сигурни дека бебињата до 6 месеци не треба да пијат вода. Тие веруваат дека мајчиното млеко или формулата имаат сè што му треба на бебето. Па дури и кога надворешните температури се високи, млекото е добар и единствен избор за малите суштества.

Кога на бебињата на возраст под шест месеци им се дава вода, може да дојде до „труење со вода“, што може да има смртоносни последици. Проблемот е што бубрезите на бебето сè уште не се доволно развиени, такашто дури и мали количини на вода може да бидат опасни. Нивното тело тогаш ослободува натриум што може да влијае на мозочната активност и да предизвика напади и труење.

Еден од главните проблеми кога се јавува труење со вода е тоа што е тешко да се препознаат симптомите, детето може да спие многу или да биде немирно, но ова е нормално однесување во животот на секое бебе. Други знаци на труење се ниска телесна температура (помалку од 36,1° C) и отоци на лицето, но најчести симптоми се нападите. Ако симптомите се препознаат на време, нема трајни последици.

Педијатрите сметаат дека на дете кое цица не му треба вода, што честопати е тешко да им се објасни на родителите поради некои верувања на постарите генерации. Водата започнува да се дава кога ќе се започне со додатоците, односно кога оброците стануваат посуви и покомпактни. Исто така, водата од чешмата е добра под услов инсталациите да се добри и да нема честички нечистотија во водата.

Електролитите во вода и премногу разреденото адаптирано млеко можат да бидат исто толку штетни. Ако сте загрижени за хидратацијата, запекот или повраќањето на вашето дете, треба да се јавите кај вашиот педијатар кој ќе препорача количина вода што му е дозволена на вашето дете. Веројатно мајчиното млеко или формулата ќе бидат доволни и во тој случај.

Препораките за децата кои се хранат со вештачко млеко се различни.
Некои педијатри велат дека на бебето кое се храни со адаптирано млеко, му треба вода, а некои велат дека не му треба, такашто вие треба да процените што е најдобро за вашето бебе затоа што најдобро го познавате. Би било добро кога ќе сметате дека треба да му дадете вода со лажичка, или кога ќе биде подготвено за тоа, во мала чаша. Нема потреба да продолжите со шишето. Особено не ставајте сокови или зашеќерен чај во шишето бидејќи тоа ќе ги оштети забите на бебето.

Фото: Freepik

loading...