Назадување на децата во текот на пандемијата – повторно ползат, пијат од шише, зборуваат како бебиња

Со ваквото однесување децата покажуваат страв, бараат помош и не молат да им дадеме чувство на безбедност, велат психолозите.

0
279

Коронавирусот предизвика големи промени во животниот стил, а секако најмногу влијае на децата. Поради страв, несигурност и целосна промена во животот, многу мали деца назадуваат и почнуваат да се однесуваат како да се многу помлади.
„Додека сме дома поради пандемијата на коронавирусот, забележав дека мојот 4-годишен син почна повторно да бара да пие од шише. Излегува дека во овој период многу често се случува назадување и дека е тоа нормално“, вели една мајка за своето искуство.

„Мојот 4-годишник почна да бара шише секое утро. Моите пријатели ми рекоа дека нивниот осумгодишник сакал повторно да спие со нив ноќе, а син на колегата кој има шест години почнал без причина да се плаши од пчели, муви и други инсекти“.
Психотерапевтката Шерил Зиглер потврдува дека сите овие начини на однесување имаат врска со коронавирусот. „Постојано слушам од моите клиенти дека нивните деца назадуваат, почнуваат да зборуваат како бебиња, да ползат, да спијат со нивните родители“, рекла таа.
Потврдата на другите родители навистина може да донесе олеснување. Не сте сами. Проблемите со седењето на нокшир, повторното зборување како бебиња и слично назадно однесување се дел од оваа пандемија.
Со ваквото однесување децата покажуваат страв, бараат помош и не молат да им дадеме чувство на безбедност, вели лекарката.
Децата се лишени од сè што знаат во воите кратки животи и имаат многу малку механизми за да се изборат со емоциите.
Најдоброто што можете да направите е да го игнорирате ваквото однесување ако можете, оставете го да помине и да препознаете што се крие зад тоа. Така ќе го вратите вашето дете на нормален пат и развој.
Важно е да не се обвинувате себеси и да не создавате притисок.
Враќањето на детето ќе се случи кога ќе помине предизвикувачот на стрес, истакнала докторката. Ако однесувањето на детето не се врати во нормала, најдобро е да се зборува со експерт.
Засега, треба да бидете свесни дека родителството е особено тешко за време на пандемија и дека и другите родители, исто како и вие, наидуваат на потешкотии.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]