Направете место за бебето – во стомакот! (ВИДЕО)

Ако мислевте дека некој го разместил „мебелот“ во вашето тело за време на бременоста, бевте 100 отсто во право.

0
1033

Оваа анимација го прикажува движењето на органите за време на бременоста. Развиена е од Музејот за наука и индустрија на Чикаго (Chicago Museum of Science and Industry) и ги прикажува сите промени на органите во текот на 40 недели од бременоста

Ако мислевте дека некој го разместил „мебелот“ во вашето тело за време на бременоста, бевте 100 отсто во право.

Оваа неверојатна анимација од Музејот за наука и индустрија во Чикаго покажува интересни промени во телото на мајката. Видеото, кое делува и по малку застрашувачки, покажува како телото се менува и се прилагодува на малиот патник. Всушност, прилично е изненадувачки што не ни е толку непријатно за време на тие месеци на раснење на бебето во матката.

За време на бременоста, органите се подготвуваат за бебето, правејќи му место. Промените што се случуваат притоа предизвикуваат поинаков проток на крв бидејќи срцето тогаш треба да работи понапорно, а бебето ги притиска органите, особено мочниот меур, па бремените жени ја чувствуваат онаа добро позната непријатност. Не се менува само бебето, е описот на видеото кое ги прикажува сите промени што се случуваат во женското тело, растот на матката, проширувањето на матката, движењето на внатрешните органи и растот на градите … ова видео ги покажува фазите на бременоста.

Фото: Јутјуб

loading...