Научете ги емотиконите со кои тинејџерите зборуваат за дрога

Докторката која го загубила синот поради предозирање со дрога објавила список на емотикони поврзани со дрога со кои комуницираат тинејџерите.

0
172

Кога д-р Лора Берман го загубила својот 16-годишен син Семи од предозирање со дрога, нејзиниот свет се превртил наопаку.

„Моето момче го нема. Дилерот на дрога го контактираше преку Snapchat и му даде фентанил. Тој се предозирал во својата соба. Моето срце е скршено и не сум сигурна како ќе продолжам да дишам”, напиша таа во емотивниот пост на Инстаграм во почетокот на февруари оваа година.

По смртта на Семи, Берман започнала да се залага за заштита на децата на Интернет. Деновиве таа објавила список со емотикони поврзани со дрога. На пример, снегулка во комуникацијата на тинејџерите означува кокаин, додека грозјето е симбол што го користат за сируп за кашлица.

„Тинејџерите денес на Интернет и на социјалните мрежи течно зборуваат за дрога користејќи емотикони“, напишала др. Берман.

„Наместо да пишуваат зборови и реченици, тинејџерите и младите возрасни користат емотикони за да изразат мислите или чувствата во разговор со пријателите и со странци. Затоа е важно родителите да го научат јазикот што го користат децата”, предупредува таа.

„Еден пример за тоа како зборуваат децата: 🔌💊🚗 Тоа значи: Може ли некој да ме поврзе со дилер кој има таблети/лекови/хероин и ги доставува?“ објаснува една личност во коментарите.

Друга додава дека зборувала со своите деца-тинејџери и дека тие го знаеле значењето на повеќето емотикони.
Порталот Today пишува дека смртноста предизвикана од предозирање со лекови достигнала рекордно ниво за време на пандемијата. Советот за национална безбедност на САД наведува дека луѓето почесто умираат од случајно предозирање со опиоиди отколку во сообраќајна несреќа. Американската медицинска асоцијација известува дека повеќе од 35 држави забележале зголемување на смртноста од опиоиди од почетокот на пандемијата.

„Бевме толку внимателни. Тој имаше петки, се подготвуваше за факултет. Експериментирањето тргна на лошо. Внесе дрога во куќата. Ве молиме, внимавајте на вашите деца и погледнете го нивниот Snapchat. Така тие добиваат дрога“, заклучила д-р. Берман по смртта на нејзиниот син.

Фото: Инстаграм

loading...