На децата им е потребна љубов, а не скапи активности

Никогаш немало повеќе воннаставни активности во животот на децата, и никогаш помалку задоволства и топлина во домот – тврди педагогот Мајкл Вејбс.

0
129

Бројни воннаставни активности го замениле дружењето на родителите со децата во слободното време, што има многу лоши последици

Никогаш немало повеќе воннаставни активности во животот на децата, и никогаш помалку задоволства и топлина во домот – тврди педагогот Мајкл Вејбс.

Врз основа на искуството во работата со ученици, тој заклучил дека децата сѐ повеќе стануваат жртви на амбициите на нивните родители, кои имаат големи очекувања, но не и време за нив. Затоа ги запишуваат на што повеќе часови за јазици, спортски активности, музички содржини, мислејќи дека тоа ќе го компензира нивното отсуство од дома.

– Сепак, децата не ја добиваат најважната работа – љубов, внимание и топлина, такашто тие не можат да бидат вистински задоволни и среќни без оглед на тоа колку се успешни во спортот или музиката – вели Вејбс. – Значи, наместо скапи содржини, пред сè, обезбедете им на децата внимание, разговор и блискост. Во спротивно, вашите деца ќе пораснат во несреќни и ладни луѓе.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]