На маќеата која повторно го направи моето семејство цело

Имав прекрасна маќеа и имам прекрасен очув. Двајцата ги сакав многу и тие ме сакаа мене. Би сакала да ги кажам сите овие работи, да каѓам колку многу ми значеше и колку сум благодарна што те имав.

0
355

Пред да се родам, мајка ми и мојот биолошки татко се разделиле и заради тоа, го видов само еднаш кога бев многу мала, а потоа никогаш повеќе додека не стасав до средно училиште.

Тој првично не сакаше да има ништо со мене, но ти како негова сопруга сакаше ние да имаме некаков однос. Ми испраќаше писма и фотографии, споделувше со мене детали и приказни не само за него, туку и за моите браќа. Времето поминуваше и на крај писмата престанаа да стасуваат. Немав идеја зошто. Во втора година средно станав љубопитна и ги побарав татко ми и браќата на „Фејсбук“. По денови потрага, пораки и неуспех, конечно го најдов татко ми.

Тогаш започна моето патување.

Го најдов постариот брат, а потоа и двајцата помлади браќа. Потоа тетки, потоа братучеди. Го најдов целото од семејство од страната на татко ми за кое не знаев ништо. Потоа те најдов тебе, жената која ми пишуваше писма за него кога бев помлада, бидејќи тој премногу се плашел да зборува со мене. Изгледа дека неодамна сте се разделиле, но ти си била убедена дека јас и браќата некогаш ќе се сретнеме. Дојде мојата последна година во средно и јас отидов да си го видам семејството. Веќе го запознав постариот брат кога дојде да ме посети, но сакав да ве запознаам и тебе, браќата, да го видам татко ми, мојата тетка и баба. Патувањето помина добро. Мислев дека ќе заврши ерата во која посакував татко ми да ме сака, но тоа не се случи. И во ред е, бидејќи како што поминуваше времето, се зближував со тебе.

Сега е 2021 година, 11 години откако те запознав. Се омажив, имам син. Не можеше да дојдеш на мојата венчавка, а два месеци по раѓањето на мојот син, ти почина. Само така, си замина. Кога дознав, прво бев шокирана. Не можев да верувам. Потоа почнав да размислувам: како се браќата, твоите синови. Што може да направам за да исчезне болката? Тогаш, за мене, болката потона. Ти не ги запозна мојот сопруг, мојот син. Замина пред да ти кажам колку те ценев. Колку те почитував, ти се восхитував и колку те сакав.

Секогаш ја почитуваше мајка ми и „го знаеше твоето место“ како моја маќеа, но секогаш ме нарекуваше ќерка. Ми помогна да изградам однос и врска со моите браќа.

Најкритикувани се очувите и маќеите. Тие се прикажани во приказните како злобни луѓе. Ти беше моја маќеа; требаше да се однесуваш со мене како со твој слуга. Требаше да имаш чудна одмазда против мене затоа што потекнувам од жена што твојот маж некогаш ја сакал.

Откако се разделивте со татко ми, требаше повеќе да не сакаш да имаш ништо со мене.
Срамота е што вака се прикажуваат маќеите и очувите. Имав прекрасна маќеа и имам прекрасен очув. Двајцата ги сакав многу и тие ме сакаа мене. Па, би сакала да ги кажам сите овие работи, да се заблагодарам, да те уверам дека многу ми значеше и дека сум многу благодарна што те имав.

Ќе те сакам секогаш,

Наташа.

Додека го пишувам ова за да го прочитате сите вие, барам едно од вас … Кажете, те сакам повеќе.

Кажувајте им на луѓето околу вас дека ги сакате. Дајте им до знаење на родителите, бабите, дедовците, тетките, чичковците, браќата, сестрите, на сите, да знаат колку сте благодарни што ги имате, бидејќи никогаш не знаете кој ќе биде последниот разговор со нив.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]