Некој ќе оди во затвор, а друг ќе гради хотели!

За време на домашната изолација, веројатно веќе сте посегнале по друштвените игри кои досега собираа прашина на полиците. Добро сте постапиле! Освен што ќе ве забават и ќе ве насмеат, друштвените игри имаат позитивно влијание врз здравјето и психата.

0
382

Друштвените игри можат да биде клуч за активен и здрав ум. Меѓу најпопуларните друштвени игри спаѓаат монопол, шах, игри со карти, човече не лути се, на буква на буква, пантомима, домино и многу други. Меѓутоа, друштвените игри не само што нудат забава, тие можат да имаат корисен ефект од повеќе аспекти кога станува збор за вашето здравје.

Ако ова е нова вест за вас, прочитајте за некои од здравствените придобивки што ги нудат овие игри.

Забавувајте се, ослободете се од стресот и чувствувајте се добро!

Еден од ефектите на друштвените игри е смеата. Смеењето го зголемува ендорфинот, хемикалија која ви дава чувство на среќа. Ваквата атмосфера поттикнува емпатија, сочувство и доверба во оние околу вас.

Играњето друштвени игри е одличен начин да го отргнеме вниманието од актуелната состојба со коронавирусот. На само еден час исклучете ги сите извори на информации, телевизорите, таблетите и телефоните. Обрнете внимание на играта и уживајте во моментите со семејството.

Друштвените игри се причина за семејно обединување

Да, во изминатиов период сме постојано со семејството. Но, дали сте сигурни дека поминувате квалитетно време? Секој е во својата соба, со телефоните, со слушалките на уши?

Колку и да е лоша моменталната состојба, ова е можност да се зближите со вашите најблиски. Разговарајте, споделете мислења, кажете им некоја ситуација од животот што досега сте ја премолчеле.

Играјќи друштвени игри вие поминувате квалитетно време заедно додека ги развивате вашите когнитивни вештини.

Формирање на меморија и когнитивни способности

Решавањето на проблемот е само една од когнитивните активности што се зајакнуваат со играњето на друштвени игри. Хипокампусот и префронталниот кортекс се области на мозокот одговорни за сложени мисли и формирање на меморијата, а социјалните игри им користат затоа што тие градат и одржуваат когнитивни асоцијации кои ја зајакнуваат меморијата дури и во поодминатите години.

Намалување на ризикот од ментални заболувања

Една од главните придобивки од играње табла е намалениот ризик од когнитивен пропаѓање, со што се поврзани деменцијата и Алцхајмер. Користејќи го вашиот ум на овој начин го вежбате и го правите посилен. Посилниот мозок има помал ризик од прерано губење на својата моќ.

Го намалува крвниот притисок

Покрај смеата што предизвикува зголемување на ендорфинот, друштвените игри може да ви помогнат да го намалите или одржите крвниот притисок. Зголемувањето на ендорфинот им помага на мускулите да се релаксираат и крвта да циркулира нормално, што ќе го намали крвниот притисок. Запомнете дека високиот крвен притисок е поврзан со поголем ризик од артериско оштетување, срцеви заболувања и мозочен удар.

Побрзо пронаоѓање на предметите

Редовно почнете да играте игри како што се шах или монопол, такашто со текот на времето ќе ви биде полесно да ги пронајдете оние клучеви поради кои ви се случува да ја превртите целата куќа наопаку, а цело време ви стојат пред очи. Научно е докажано дека децата и луѓето кои редовно играат социјални или видео игри далеку побрзо лоцираат цели од оние што не ги практикуваат.

Имунитетот станува посилен

Истражувањата покажале дека негативноста, депресијата и стресот можат да ја намалат вашата способност да се борите против болести. Позитивните мисли, смеата и уживањето кои секогаш доаѓаат со социјалните игри ги спречуваат овие ефекти и ослободуваат одредени хемикалии кои се борат против стресот, го зајакнуваат имунитетот и го продолжуваат животот на мозочните клетки.

Социјалните игри влијаат врз развојот на детето

Социјалните игри играат многу важна улога за здравјето на децата и развојот на нивниот мозок. Тие им помагаат на децата да ја развијат логиката и вештините за расудување, да го подобрат своето критичко размислување и снаоѓањето во простор.

Поттикнувањето на децата да играат различни видови на друштвени игри може да ги зголеми нивните вербални и комуникациски вештини, истовремено развивајќи го нивното внимание и способноста да се концентрираат и фокусираат подолг временски период.

Друштвените игри како тераписки третман

Многу друштвени игри бараат користење на моториката која бара координација и спретност. Редовната активност од ваков вид ги збогатува гореспоменатите вештини, што е важно за децата, лицата со ментална или физичка попреченост, постарите лица и за оние кои се опоравуваат од несреќа. Социјалните игри се многу корисни кога се додаваат на терапевтскиот третман за подобрување на мускулите или нервните функции.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]