Не плачи, не ти е ништо!

Паѓањето, ударите, по некоја скршена коска и исекотините се дел од растењето на децата. Во зависност од тоа како реагирате во овие ситуации зависи тоа во каква личност ќе порасне вашето дете, велат експертите.

0
408

Ставот на повеќето родители во ситуации кога детето ќе се повреди, ќе падне, ќе се исече или ќе скрши рака, се покажа како сосема погрешен. Ако на секоја нивна повреда реагирате со реченицата: „не прави драма, ништо не ти“, ќе направите штета.

Психотерапевтката и авторка на книгата „Што би сакале вашите родители да можеле да прочитаат“, Филипа Пери, тврди дека ваквиот став спречува развој на емпатија кај децата, што е многу важно за нивниот натамошен развој.

Ако како родител не го препознавате страдањето на вашето дете, вие го учите или да се преправа дека е во ред кога тој или таа не е во ред, па така ќе реагира на сите ситуации во животот.

Тоа не е исто што и отпорноста“, вели Пери. Најдобар начин за детето да изгради отпорност е сериозно да го прифати чувството на болка. Значи, правилната реакција на родителите треба да биде: „Изгледа многу болно. Добар си? Дозволи ми да видам“, а потоа да го смирите со тоа што ќе му објасните дека болката ќе помине.

На овој начин ќе го научите дека е во ред да се страда, но и да го убедите дека има сила да издржи „кога е најлошо“.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]