Објавени резултатите од ефектите на вакцинацијата кај бремените жени и доилки

Антителата добиени со вакцината биле присутни во сите примероци на крв од папочната врвца и мајчиното млеко.

0
294
Резултатите од ефектите на вакцинацијата на бремените жени и доилките против коронавирусот објавени во PubMed покажале дека кај имунизираните жени имунолошкиот одговор е посилен отколку после природната инфекција, како и кај жените кои не се бремени.
Исто така, „објавените резултати покажале дека заштитните антитела преминуваат преку плацентата до фетусот, т.е. од мајчиното млеко до детето“, стои во објавата на вирусологот д-р Ана Банко, која ги споделила резултатите на Твитер.

Во студија спроведена во два медицински центри биле опфатени 131 жени на репродуктивна возраст (84 бремени жени, 31 доилки и 16 кои не биле бремени).

„Имуните одговори предизвикани од вакцината биле исти кај бремените жени и доилките, за разлика од жените кои не биле бремени. Сите вредности биле повисоки од оние што се резултат од инфекцијата со САРС-КоВ-2 добиени во текот на бременоста. Антителата добиени од вакцината биле присутни во сите примероци на крв од папочната врвца и мајчиното млеко. САРС-CoV-2-специфичните IgG, но не и IgA, биле зголемени во мајчината крв и мајчиното млеко на вакцинираните.

Заклучоци: Вакцините ковид 19 mRNK развиле силен хуморален имунитет (базиран на антитела) кај бремените жени и доилките, со имуногеност и реактогеност слична на оние кои биле забележани кај небремените жени. Имунолошките одговори предизвикани од вакцината биле значително поголеми од одговорите на природната инфекција. Имунолошкиот пренос кај новороденчињата се случил преку плацентата и мајчиното млеко“, пишува на веб-страницата на PubMed.

Бидејќи бремените жени и доилките беа исклучени од почетните испитувања на вакцината „ковид 19“, недостасуваа податоци за да се донесат одлуки за вакцинирање на оваа група на жени, иако препораките за вакцинирање беа дадени и порано.

„Од почетокот, знаевме дека  вакцините Pfizer и Modernа се безбедни, особено оние изработени на нова технологија, немаат штетно дејство, но според законската процедура, вакцините требаше да ги поминат сите истражувања и тестови за да бидат одобрени за бремени жени. Вирусот нема штетно влијание врз детето бидејќи нема вертикално пренесување, за што сведочат сериозно болни бремени жени кои родиле здрави деца. „Пред две недели добивме препорака од Светската асоцијација на гинеколози дека идните мајки можат да се вакцинираат“, вели за Б92 гинекологот и генетичар д-р Мима Фазлагиќ.

На прашањето дали би му препорачала вакцина на двојка што влегла во постапка за ин витро оплодување, таа вели:

„Се разбира, нема опасност од вакцината, а Сарс-КоВ-2 предизвикува сериозно оштетување на срцето и белите дробови и ова не треба да се заборави“.

Конечната одлука, и по ова, секако им останува на новопечените и на идните мајки.

Текстот е од ТУКА.
Фото: Freepik
loading...