Ова бебе е дефинитивно – тешка категорија!

Како одговор на предизвикот на социјалната мрежа ТикТок „Да видиме кој го роди најголемото бебе?“, една мајка го споделила своето искуство на раѓање на дете од 6,5 килограми.

0
163

„Сакаме да играме игра – Кој го роди најголемото бебе?“, го започнува своето видео корисникот на TikTok под името @ shans1588, кое собрало над 30 милиони прегледи на платформата.

„Во 38. недела имав царски рез бидејќи моето бебе тежеше неверојатни 6,5 килограми и беше долго 60 цм“.

„Да, родив момче, а не бебе“, се пошегувала мајката, додавајќи дека нејзиниот син морал да помине 11 дена во одделот за неонатална интензивна нега (NICU), кадешто бил убедливо најголемото бебе.

Наведената тежина е далеку над просечната родилна тежина од 3,5 килограми. Бебето исто така било нешто подолго од повеќето новороденчиња кои обично се раѓаат со должина од 50 сантиметри.

Неговата мајка не донела облека или пелени со толкава големина во болницата, а медицинските сестри морале да му донесат поголеми пелени од детското одделение. Кога конечно си отишле дома, тој бил облечен во облека наменета за дете од 6 до 9 месеци. Оттогаш, малото момче прераснало во „здраво, тврдоглаво и СИЛНО“ петгодишно дете, изјавила гордата мајка во видеото кое е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

Фото: ТикТок

loading...