Овие карактеристики децата почесто ги наследуваат од своите татковци

Кога го очекувате раѓањето на бебето, замислувате како ќе оди, ќе зборува или ќе изгледа. За среќа, науката може да даде одговори на многу од овие прашања.

0
328

Постојат одредени карактеристики што децата ги наследуваат од своите татковци почесто отколку од мајките.

Изглед

Во однос на изгледот, детето наследува 60 проценти од гените на таткото, во споредба со 40 проценти од мајчините гени. Ова значи дека детето може да наследи некои забележливи карактеристики од таткото.

Висина

Физичкиот изглед е главно резултат на гените на таткото. Ако таткото е висок, големи се шансите да биде и детето. Децата кои имаат ниски мајки и високи татковци се генерално повисоки.

Дентална структура

Структурата на забите е претежно наследена од таткото. Ако таткото има квалитетни, силни заби кои ретко се расипуваат, големи се шансите дека и детето ќе ги има.

Прсти

Не е невообичаено татковците и децата да имаат слични прсти, особено на нозете.

Раце

Ако таткото е деснак, а мајката левак и обратно, детето генерално ќе ја наследи карактеристиката на неговиот татко.

Стил на спиење

Која поза ќе ја зазема детето за спиење, исто така може да дознаете ако погледнете како спие неговиот татко.

Дупчиња во образите

Дали сте за вљубени во дупчињата што се појавуваат во образите на вашиот партнер кога тој се насмевнува? Постојат големи шанси и детето да ги има.

Полни усни

Бебињата често имаат полни усни, кои со текот на времето можат да станат потенки. Ова се смета за доминантна одлика што децата ја наследуваат почесто од татковците.

Фото: Pexels

loading...