Органите на девојчето што почина поради тешки повреди на главата, ќе спасат детски животи

Срцето и бубрезите на двеиполгодишното девојче од Нова Градишка, чии родители се во притвор поради насилство врз сопственото дете, ќе ги спасат животите на деца-приматели од Германија и Унгарија

0
1110

Органите на трагично починатото две и пол годишно девојче од Нова Градишка кое било малтретирано од своите родители и потоа, со тешки повреди на главата донесено во болница во Загреб, ќе бидат донирани на деца-приматели во Германија и Унгарија.

Преку системот за распределба на Евротрансплантација, органите им биле доделени на приматели на детска возраст, па срцето и бубрезите се прифаќаат за приматели во Унгарија, а црниот дроб е примен како дониран орган за четиригодишен примател во Германија.

Во неделата навечер граѓаните на Загреб се собрале пред болницата во кое лекарите се бореле за животот на девојчето и оставале пораки, свеќи и кадифени играчки за девојчето (2,5) кое попладнето ја загубило битката за својот живот.

Девојчето од тримесечна возраст до две години живеело во вдомувачко семејство од Славонија, но потоа им било вратено на биолошките родители.

Сега, членови на иницијативата „Спаси ме“, на Фејсбук објавиле дека ќе бараат да се обезбеди список со сите семејства во кои некој некогаш бил осуден за насилство, како и информации за тоа каде се наоѓаат децата, како и да се забрани животот на малолетници со осудени сторители.

Родителите се во притвор, а криминалната квалификација на мајката е изменета во попладневните часови и таа е обвинета за тешка телесна повреда што резултирала со смрт. Се соочува со казна затвор до 15 години.

Фото: EMICA ELVEDIJ/PIXSELL

loading...