Освен интелигенција, децата наследуваат од мајката уште две особини

Постојат некои работи што можат да се наследат само од мајката, а истражувачите дошле до такви податоци.

0
318

Кога ќе се роди детето, тоа ги носи гените на двајцата родители.

На интелигенцијата, стареењето и склоноста кон дебелеење, не влијаат гените на таткото.

Интелигенција

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Глазгов покажало дека врз интелигенцијата најмногу влијаат гените на мајката. Во однос на IQ на мајката, детето варира само за околу 15 поени. Интелигенцијата е исто така под влијание на социо-економскиот статус и образованието.

Стареење

Начинот на кој ќе старееме во голема мера зависи од гените на мајката, покажаа германските научници. Според нив, ДНК од митохондриите, кои ги наследуваме исклучиво од мајката, делумно влијае на начинот на кој старееме.

Склоност кон дебелеење

Многу научници истакнуваат дека го наследуваме метаболизмот од нашата мајка, што потоа влијае на тоа дали побрзо ќе се здебелиме. Ако мајката има вишок килограми, се зголемува веројатноста дека и детето ќе биде такво.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]