Познати алерголози советуваат: Пуштете ги децата малку да се извалкаат!

Чувањето куче дома, бакнувањето, консумирањето на храна која паднала на подот...се некои од решенијата за борба против алергиите!

0
674

Можеби ви звучи погрешно, но еве што велат стручњаците за тоа зошто се алергиите во толку голем пораст што имаат дури и размери на епидемија и што ги предизвикува денеска најмногу.

Стручњаците предупредуваат дека современото општество станало толку оптоварено со чистотата, што повеќе не доаѓаме во контакт со работите кои се клучни за добро функционирање на нашиот имунолошки систем.

Алергиските болести кај нас добиле епидемиски размери. Денешните деца имаат сѐ повеќе алергии, боледуваат од астма, егзем, интолеранција на одредена храна, како и од пелудна грозница.

Секоја година се зголемува бројот на луѓе со вакви проблеми, а стручњаците тврдат дека до 2021.година речиси секое дете ќе го има овој проблем уште од раѓање..
Според стручњаците, денешните деца не си играат слободно во природа и речиси воопшто не доаѓаат во контакт со микробите важни за нивниот имунолошки систем.

Чистотата е половина здравје, но нечистотијата е другата половина.

Земете куче

Родители на дете со егзем тврдат дека неговата лекарка им препорачала да земат куче, за да ја превенираат можноста детето подоцна во животот да добие астма.

Стручњаците им објасниле дека изложеноста на домашни миленици уште од рана возраст (до третата година) го намалува ризикот од појава на алергии кај децата.

Особено ако растат со куче, децата во рана возраст се изложени на бактерии што им создава ран имунитет.

Пластика, мобилни телефони и Ви-Фи – тригери?

Докторите велат дека денеска се соочуваат со многу тешки егземи и астма која се појавува во сѐ попроблематичен облик.

Пластичната амбалажа има естрогенски својства, а естрогените се хормони кои го фаворизираат настанувањето на алергиските реакции. Брзата храна исклучително влијае на настанувањето на алергиски болести, како и пушењето.

На настанокот на алергии кај некои луѓе влијаат и разни зрачења од мобилен, безжичен интернет и слично. Порано се сметало дека се алергични само оние кои имаат некој во семејството со ваков проблем.

Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека алергија добиваат и оние кои немаат генетска предиспозиција за тоа, што ги поттикнало генетичарите со најнови методи да утврдат од каде навистина потекнува овој проблем.

Сиромашните луѓе поретко имаат астма

Истражувањата покажале дека таму кадешто има паразити о лоши хигиенски услови нема алергии, дијабетес и автоимуни болести.

Практично, во сиромашните земји нема ниедна болест од која боледува современото човештво.

Тие имаат други болести.

Оваа теорија јасно покажала дека не треба да се биде премногу чист и дека треба да им се дозволи на децата малку да се извалкаат затоа што на тој начин го јакнат имунитетот.

loading...