Поканила 22 деца на роденденот на синот. Не дошол никој (ВИДЕО)

„Седиме во паркот. Роденден му е на Ј. J. Имаме сè подготвено, неговата забава започна пред половина час. Се појавија буквално нула луѓе“, вели мајка која објавува на ТикТок на нејзиниот профил @ dawners86

0
591

Мајка која објавува на ТикТок на нејзиниот профил @ dawners86 зборувала за траумата што ја доживеал нејзиниот син. Како што објаснила, таа поканила повеќе од 20 деца на неговиот шести роденден, а дружењето требало да биде на отворено, за сè да биде според ковид правилата.

Снимајќи ја пустата околина, таа им вели на своите следбеници: „Седиме во паркот. Роденден му е на Ј. J. Имаме сè подготвено, неговата забава започна пред половина час. Се појавија буквално нула луѓе“.

Таа додава дека испратиле точно 22 покани, но никој не одговорил и признава дека и самата е многу вознемирена од ситуацијата во која се нашле.

„Тој заслужува подобро. Тој е неверојатен”, вели таа, опишувајќи го својот син.

Во еден момент на снимката се гледа на далечина и детето кое си игра само.

Видеото собрало повеќе од два милиони прегледи за само еден ден, а многумина сакале да испратат роденденски подароци. Сепак, мајката одбила, велејќи дека не му требаат играчки и ги замолила луѓето да ги однесат подароците во најблиската болница.

„Тој има играчки. Само сакаше да помине некое време со неговите пријатели”, објаснува таа.

 

@dawners86

#stitch with @dawners86 im shaking, im sorry. thank you so much. #blessed #family #thankyou #birthday #happybirthday #wow #showedup #loveyou

♬ SAD – Instrumental – Nhím Stone

Фото: Инстаграм

loading...