Политички коректно воспитување

Во Франција, во која до неодамна на родителите не им било забрането да го удрат по газето сопственото дете, донесен е нов закон кој до таа мерка се меша во односот родител-дете што пропишува што не смее родителот да му зборува на своето дете. Според извештаите на медиумите, во „психичко насилство“ над децата спаѓа и реченицата „срам да ти е“ во случај на лош успех на детето во училиште или пак негативната споредба со подобрите ученици.

0
132

Во текстот кој е објавен ТУКА, српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ вели: „Општо познато е дека начинот на воспитување на детето е поврзан со неговиот иден карактер, со структурата на неговата личност. До поаѓање во училиште, значи, до шестата, седмата година, родителите како главни носители на воспитувањето имаат најзначајно влијание на развојот на детската психичка структура.

На детето му е потребно покажување на љубов и дисциплинирање. Кога родителите му покажуваат љубов тоа развива позитивна слика за себе и за чувството на лична вредност.

Со „не“ и „мораш“ се учи дозволеното

Кога го дисциплинираат велејќи му „не“ и „мораш“, со повремена негативна последица кога детето не сака да послуша, родителите го учат што е дозволено, а што не е, како и што се неговите обврски.

За разлика од давањето љубов, дисциплинирањето подразбира конфликт помеѓу волјата на детето и волјата на родителот. Тоа е всушност неизбежен конфликт помеѓу биолошките импулси кои управуваат со детето и друштвените барања коиги наметнуваат родителите.

Токму преку процесот на дисциплинирање детето ја гради својата морална структура позната како супер его или внатрешен родител. Врз основа на родителскиот однос кон детето тоа го гради својот однос кон себе: давањето родителска љубов води до самољубов, а дисциплинирањето води кон самодисциплина.

Во однос на давањето на љубов и дисциплинирањето разликуваме три поедноставени модели на воспитување. Кога родителите оптимално даваат и љубов и дисциплина резултатот ќе биде доволно социјализирана личност. Кога родителите даваат дисциплина без покажување на љубов нивното дете ќе порасне во претерано социјализирана личност која цел живот ќе се труди да живее во согласност со родителските насоки за да докаже дека сепак заслужува љубов.

Кога родителите даваат љубов без успешно дисциплинирање детето ќе порасне во самоуверена, но недоволно социјализирана личност која нема да се потчинува ниту на социјалните норми ниту на авторитетите. Токму помеѓу несоцијализираните подоцна ќе има најголем процент на деликвенти, наркомани и слично.

Кога во сето тоа ќе ја вклучиме статистиката, можеме да видиме дека во различни држави во релативно краток рок од неколкудецении се намалува процентот на родители кои воспитуваат на еден начин, а се зголемува бројот на оние кои воспитуваат на друг начин.

Во согласност со тоа се менува и сликата на „патологија“ помеѓу децата и младите.

Кога пред десетина години во разговор со моите австриски колеги образложував врз основа на искуство на долгогодишен супервизор на воспитувачите во словенечките поправни домови дека државите на погрешен начин се мешаат во воспитувањето на децата такашто им ги одземаат на родителите моќта и авторитетот, и дека тоа ќе доведе до долгорочни негативни последици, повеќето не се согласија со тоа. Беа многу горди затоа што Австрија им забранила на родителите секакво, па и најмало телесно казнување на децата. Неодамна е објавена статистика за малолетничката деликвенција која многу ги загрижила австриските политичари. Во групата на деца деликвенти под десет години, регистрирани се 990 деца, што е пораст од 30 отсто во однос на 2017. Едногодишниот пораст на вкупната малолетничка деликвенција е шест проценти. Како и обично, наместо проблемот да се согледа пошироко и подлабоко, полемиката моментално се води околу казнувањето: дали да се казнуваат родителите или да се спушти границата на казнивост на деца од14 на 12 години.

Срам да ти е“ – психичко насилство

Повремено во воспитувањето на децата е потребно да се примени сила или да се упати закана за примена на сила.

Оние кои размислуваат прецизно знаат дека примената на сила не е исто што и насилство, дека насилството се дефинира како нелегитимна примена на сила. Затоа оние кои ги усвојуваат законите би требало да знаат дека е погрешно да им се забрани на родителите тогаш кога не оди поинаку, да го казнат детето телесно и да се спротивстават на идеолошките притисоци секое телесно казнување да се прогласи за насилство.

Во Франција, во која до неодамна на родителите не им било забрането да го удрат по газето сопственото дете, донесен е нов закон кој до таа мерка се меша во односот родител-дете што пропишува што не смее родителот да му зборувана своето дете. Според извештаите на медиумите, во „психичко насилство“ над децата спаѓа и реченицата „срам да ти е“ во случај на лош успех на детето во училиште или пак негативната споредба со подобрите ученици.

Во законот е целосно изедначено „физичкото насилство“ со „псхичкото насилство“, такашто на прекршителите им се заканува казна до 75 илјади евра и 15 години затвор.

Дали и кај нас ќе се озакони „политички коректното воспитување“ зависи и од сособноста на нашите родители да ја препознаат опасноста од тоталитарна држава“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]