Предупредување: Поради пандемијата децата би можеле да станат анксиозни

Оваа состојба може да има сериозни ефекти врз здравјето на децата. Во нивниот секојдневен живот влегоа зборови како пандемија, изолација и затварање, а било забележано дека во Англија децата измислиле нови правила за играта „шуга“ - оној што ќе биде фатен прво заминува во изолација, а ако ова му се случи двапати, станува „мртов“.

0
202

Пандемијата „Ковид-19“ може да има сериозни ефекти врз менталното здравје на детето, предупредува Ники Чопра, матичен лекар од Англија и татко на две мали деца.

– Загрижен сум што ќе добиеме генерација деца кои страдаат од анксиозност, бидејќи во нивното секојдневје влегоа зборови како што се пандемија, изолација и затварање. Мојата постара ќерка, која е безгрижно и весело дете, минатата недела резигнирано изјави: „Ако не ги миеме рацете, би можеле да умреме“, вели Чопра.

Во Англија е забележано дека децата измислиле нови правила за играта „шуга“, така што оној што ќе биде фатен прво заминува во изолација, додека оној на кој ова ќе му се случи двапати, станува „мртов“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]