Психијатарка им порачува на мајките: Дајте му шанса да биде добар татко, иако не бил добар партнер

Дали сакате вашиот син да порасне со омраза и разочарување во машкиот пол, дали ова ќе му помогне да биде адекватно полово идентификуван маж? Дали сакате едно девојче да порасне со убедување дека сите мажи се лоши, дали сакате со својата приказна да ја предодредите за таква судбина?

0
717

Самохраните мајки, разведените или оние кои раѓаат и растат дете сами, надвор од партнерската заедница – се голем крст, голем предизвик, стигма, одговорност, храброст. Но, секое мачеништво има своја втора страна. Разговарав со многу возрасни луѓе чии мајки биле храбри и силни и ги одгледале сами. Некои од нив дури и не го познаваат таткото, други немаат или имаат многу лош контакт со него затоа што за него слушале од устата на жената која тој ја разочарал и која во нивно име одлучила дека таткото не постои.

Тука лежат предизвиците на самостојното одгледување на децата. Не во самиот факт на отсуство на другиот родител, од која било причина, туку во (не)способноста на жената да ја надмине повредата и да му овозможи на детето да има татко, оној што не го сака, кого често го мрази, презира, кој ја разочарал, но со кого некогаш била доволно блиска за да има дете со него. Не треба да се биде горд на тој тежок пат, не треба да се труе душата на детето со омраза, затоа што последиците се далекусежни. Нема потреба да кревате ограда од бодликава жица околу вашето дете и да го чувате вашиот мал свет. Без оглед колку ви било тешко и колкав бил вашиот отпор, треба да му дадете на мажот шанса да биде татко, доколку тој веќе не може да биде ваш партнер. Секое дете има право на татко па и вашето, тоа е биолошка, но и психолошка рамка со слика во која има две фигури, какви и да се тие.

Знам колку мајки ќе ми се лутат, знам затоа што тоа го гледам секој пат кога ќе се обидам да им го кажам тоа, гледајќи ги последиците на таквиот нивен став за детето. Но, токму ова одбивање да слушнете и да ја прифатите мерката за длабочина на повредата што ја создавате трајно, мерката за длабочината на штетата што му ја нанесувате на вашето дете а сте сакале сѐ најдобро. Ако ова ве налути, вратете се и прочитајте го ова уште еднаш и бидете многу лути, но слушнете ме. Таа мерка на вашето неслушање и неможноста да излезете од својата повредена кожа за детето да го запознае и можеби да го сака оној што најмногу го мразите е врвен чин на вашата љубов кон детето и голема шанса тој да биде свој човек, а не ваше продолжение. Некој кој, сакал или не, ќе го изговара вашиот текст со својата мала уста или текстот на вашата мајка, која повремено го чувала, но постојано му ја кажува својата верзија на приказната, дури и ако детето не го побарало тоа. Дали сакате вашиот син да порасне со омраза и разочарување во машкиот пол, дали ова ќе му помогне да биде адекватно полово идентификуван маж? Дали сакате едно девојче да порасне со убедување дека сите мажи се лоши, дали сакате со својата приказна да ја предодредите за таква судбина?

Тука е разликата помеѓу вистинската љубов за детето и гордоста во своето мачеништво, па и себичноста, ако сакате. Тука, на таа точка кадешто го надраснувате својата болка и му давате на вашето дете можност да има поинакви искуства. Бидејќи болката не ве прави попаметен родител – болката го затемнува вашиот ум и го расипува родителството, не го подобрува. Затоа болката мора да се контролира, затоа што одгледувањето здраво дете е многу повеќе од болна борба за егзистенција во која најчесто сте сами, а многу повеќе од детски родендени на кои сте единствен родител, и многу повеќе од тоа сè да биде на вас толку што ви доаѓа да вреснете сè до небото затоа што не сте го зачнале самите, за да го чувате сами.

Знам сè. Јас живеам овде со вас и не сум некој набљудувач од вселената, но јас сум од ординацијата и ги гледам последиците од тоа што го труете срцето на детето со вашето искуство затоа што „тој не заслужува да има дете“. Дајте му на вашето дете дозвола да го запознае самото. Не се плашете од тоа како ќе поминете вие во таа проценка. Секако, не мислам тука на татковци кои ги загрозуваат децата, насилниците, сексуалните, физичките, тие треба да бидат отстранети од близината на детето, мислам на оние со кои се разделивте поради ваши причини, како жена и маж.

И немојте утре на детето кое не е одговорно за своето раѓање, да му испорачате сметка на повредена и лута жена која жртвувала сѐ за него, сметка на жртва која бара благодарност, која не дозволува независност, не дозволува појавување на некој трет во нивната совршена симбиоза, како што некогаш не дозволувала присуство на таткото. Бидејќи постои добра шанса дека, ако го сторите тоа, вие ќе продолжите да го правите тоа со уште поголем жар и агресија. И тоа не е чин на љубов.

Го сакате детето, сѐ правите најдобро што можете, но знајте дека дури и ако сте најдобрата мајка на светот – не сте никаков татко затоа што тоа не е исто. И не заборавајте, никогаш не заборавајте да се сакате себеси – но не како жртва, маченичка, само како мајка, туку како храбра, отворена, жена која е задоволна со својот лик во огледалото. Која има толку љубов за себе што не се плаши од споредувањето со другиот родител и од заминувањето на детето кога квалитетно ќе ја заврши работата и ќе му даде дозвола да ја остави и да има свој живот затоа што не сте го родиле за себе.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]