Разводот e стресен како операција без анестезија

Според траењето на бракот, како што информираат од ДЗС, најголем број разводи – 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

0
260

(МИА) – Динамичниот стил на живеење, променетите вредносни модели на однесување кај луѓето, либералниот бракоразводен режим, остварувањето на личните потреби и интереси пред оние на семејството несомнено влијаат на брзото зголемување на бројот на разводи во изминатите неколку децении.

Во развиените држави разводот на бракот се должи на еманципацијата на жената и на модерниот начин на живеење. Во овие земји постои еден вид послободна заедница, која не е толку врзана за законите и за традицијата, туку бракот трае колку и согласноста на брачните партнери.

Нашата држава се приближува кон некои европски стандарди на однесување, на брзо живеење, на брзи, дури и непромислени одлуки. Избрзаното стапување во брак, според психолозите, пред добро да се запознаат брачните другари кои стапуваат во една заедница, се причина за брзо раскинување на заедницата што според статистичките податоци за развод се утврдува дека трае формално само една година.
Бројот на склучени бракови во државава бележи пад, но намалување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС бројот на разводите во 2018 година бележи намалување од 18,8 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.620 разведени бракови. Во 2017 година имало 374 повеќе разведени бракови, односно регистрирани се вкупно 1.994.
Најмалку разводи во текот на 2018 годината имало во август, а најмногу во декември.

Според траењето на бракот, како што информираат од ДЗС, најголем број разводи – 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]