Риба, зеленчук и маслиново масло за почеток на дохраната

Ново правило е дека нема правила. Со дохрана на бебето треба да се почне со онаа намирница што е типична за поднебјето во кое живеете и кое детето ќе ја јаде и подоцна. Новите насоки за давањето на риба се поместуваат па со бела риба (ослиќ, шкарпина) и со пастрмка може да се почне од 7, а со сина риба еден месец подоцна.

0
372

Иако летото нуди изобилие од овошје и зеленчук, според бројните искуства, не е идеално време за почеток на дохранувањето. Дохраната во лето може да биде попречена од жештините, зголемената жед и промената на околината и на рутината поради одењето на годишен одмор. На бебето му е сето тоа понекогаш премногу, па не треба да се грижите ако не оди сѐ така како што сте планирале.

Ако на бебето му е време за воведување на дохрана според неговата возраст, важно е да му понудите храна која му е потребна. Иако правилата за дохранување се менувале низ годините, па некогаш „морало“ да се почне со овошје, а подоцна со житарки, за да следува упатство дека треба да се почне со зеленчук.

Ново правило е дека нема правила. Со дохрана на бебето треба да се почне со онаа намирница што е типична за поднебјето во кое живеете и кое детето ќе ја јаде и подоцна. Летните намирници се идеални за приготвување на разновидни и вкусни кашички, затоа е добро за појадок на детето постаро од шест месеци да му се понуди млечно-житна кашичка збогатена со сезонско овошје (на пр.оризови снегулки со сливи). За ручек е иделана комбинација на риба и сезонски зеленчук со додаток на маслиново масло или комбинација од мешунки  житарки. Новите насоки за давањето на риба се поместуваат па со бела риба (ослиќ, шкарпина) и со пастрмка може да се почне од 7, а со сина риба еден месец подоцна.

За вечера може да се комбинира бело месо од пердувести животни и зеленчук.

Најдобри меѓуоброци се свежите овошја, како цреши, дињи, праски, кајсии или лубеница, зависно од возраста на детето.

Солта и шеќерот, советуваат лекарите и нутриционистите, не се потребни во првата година од животот, што не важи и за зачините. Тие можат полека да се воведуваат од седум, осум месеци. Зачинските билки имаат лековити, противвоспалителни и антибиотски свосјтва, па на бебињата во храната можете да им додавате магдонос, мајчина душица, оригано, рузмарин, цимет, босилек…
Уште на шест месеци бебињата се спремни да пробаат јаболки, банани, кајсии, цреши, праски, сливи и боровинки.

Од зеленчукот први на ред се морковите, тиквичките и компирите. Мајчиното или адаптираното млеко во кое се додаваат овошјето и зеленчукот не смеат да бидат врели зашто витамините така ги губат своите хранливи својства. Сепак, ако не сте во можност да набавите непрскана храна, добро е малку да ја проварите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]