Родител како другар?

Мајките и татковците не треба да го избегнуваат секој конфликт со своето дете и да веруваат дека секоја ситуација може да се реши со објаснување и договор, нивната цел е да ги дисциплинираат децата и да ги подготват за самостоен живот.

0
266

Децата имаат потреба да си играат со други деца. Еднаш, многу одамна, децата играа во дворовите, игралиштата и на улиците. Денес, овој јавен простор се смета за потенцијално опасен и затоа е несоодветен за деца без надзор на возрасни.

Од таа причина, децата, особено во поголемите градови, своите другари ги наоѓаат во градинките, со кои си играат до одредено време под надзор на возрасни. Остатокот од времето го поминуваат во своите домови, каде повремено на неколку часа ги посетува некој другар или другарка. Затоа децата, особено во оние семејства кои немаат брат или сестра, очекуваат нивните родители да си играат со нив. Родителите кои на тој начин ги спасуваат своите деца од осаменост и здодевност стануваат „другари во игра“.

Значење на авторитетот

Поради големата разлика помеѓу возрасен и дете, нивниот однос не може да биде рамноправен. Родителите треба да го водат и усмеруваат детето, и без оглед на количината на љубов кон детето, тој е оној што треба да го дисциплинира детето. Затоа, односот родител-дете треба да има, тогаш кога е тоа потребно, вертикална димензија во која родителот е авторитет кој е „надреден“ на детето и детето е „подредено“ на него. Најдобро е кога родителот има способност да менува улоги помеѓу авторитет и другар во игра, бидејќи на тој начин ги задоволува два вида на потреби на детето.

Проблем во односот родител-дете се јавува кога родителот претежно функционира како „другар“, избегнувајќи ја позицијата на надреден, останувајќи на „хоризонтално“ ниво, обидувајќи се да се договоридо детето за сè. Типично е за овие родители да избегнуваат конфликти со своето дете и да веруваат дека секоја ситуација може да се реши преку објаснување и со договор. Тоа во некој мал број случаи може да биде правилен пристап, но повеќето од овие родители другари“ откриваат дека нивните деца, кои претходно биле послушни, стануваат непослушни на возраст од седум или осум години и дека проблемот со нивното однесување се зголемува со секоја следна година. .

Покрај тоа што на децата треба да им дадат колку што може поголема љубов, родителите треба да ги дисциплинираат за да ја постигнат својата родителска цел, а тоа е да ги подготват децата за самостоен живот во општеството. Со мало дете управува неговата биологија, „принципот на пријатност“, односно верувањето дека е корисно само она што е пријатно, и дека сé што е непријатно е штетно. Родителот го застапува човечкото општество и тој е тој што едноставно мора да влегува во конфликт со детето и неговите желби, и дека преку различните „не смееш“ и „мораш“ да го научи детето дека има граници помеѓу тоа што е дозволено и што не е дозволено, како и да му изгради хигиенски и други навики. Преку родителската дисциплина, детето полека ја гради самодисциплината што ќе му треба подоцна во зрелоста.

Честопати, децата кои се воспитани од „родители-другари“, и покрај нивната интелигенција, таленти и широка информираност, едноставно не умеат да управуваат сами со себе. Недостатокот на самодисциплина ги прави неуспешни во сите оние области во кои е потребно подолго време за да се постигне целта. Бидејќи овие деца не научиле да се справат со авторитетот дома, тие покажуваат дека не толерираат подоцнежни авторитети во животот. Тие не прават разлика помеѓу „да се биде подреден“, што е општествена улога, од „да се биде понизен“, што е признание за пониска вредност.

Замена на улогите

Оние деца чии родители инсистираат да им бидат најдобри пријатели во нивните тинејџерски години, се особено изложени на ризик. Покрај тоа што честопати ги оптоваруваат децата со негативни приказни за другиот родител, од нив очекуваат разбирање и поддршка. И кога детето се обидува да оствари некоја емотивно поинтензивна врска со врсник, овие родители реагираат со огорченост, љубомора и зајадливост. Понекогаш, наместо да се однесуваат како мајка или татко, тие се однесуваат како постара сестра или брат, или уште полошо, ги заменуваат улогите, такашто детето го ставаат во улога на нивен родител кој треба да ги задоволи нивните потреби.

Иако е најдобро и двајцата родители да сакаат и да дисциплинираат, кога едниот родител е „другар“, добро е барем другиот родител да дисциплинира. Во ред е повремено да бидете „другар во игра“ на вашето дете, но треба да знаете дека од таа позиција не може правилно да го воспитате детето.

Фото: Pixabey

Текстот е преземен од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]