Сакајте го своето дете какво и да е

Сакајте го своето дете какво и да е - неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувајте му се во секое обраќање, зашто детето е празник сè додека е со вас.

0
297

Јануш Корчак е познат полски воспитувач, писател, лекар и социјален работник кој трипати одбил да си го спаси себеси животот.

Првиот пат тоа се случило кога Јануш решил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за да не ѝ го препушти сиропиталиштето на судбината во пресрет на ужасните настани.

Втор пат тој одбил да го напушти варшавското гето. Третиот пат било вака: кога сите сирачиња од Домот за деца без родители веќе биле во возот подготвени да тргнат во логорот, му се приближил еден СС офицер и го прашал:

– Дали вие го напишавте „Кралот Матијас“? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша. Вие сте слободни!

– И децата?

– Децата не се. Но, можете да го напуштите вагонот.

– Не сте во право. Не можам Не се сите луѓе ништожници.

По овие зборови за Јануш Корчак, ништо повеќе не треба да се каже. Сè што треба да направиме е да се потсетиме на неговите 10 принципи на воспитување:

  1. Не очекувајте дека вашето дете ќе биде како вас или како што вие би сакале да бидат. Помогнете му да не стане како вас, туку како самиот себе.
  2. Не барајте од вашето дете надоместок за сè што сте му дале. Му дадовте живот, како би можело тоа да се врати? Тој ќе му даде живот на некој друг, тој на некој трет – тоа е неповратен закон на благодарност.
  3. Не ја искалувајте својата лутина на детето за да не ви биде во староста горчливо парче леб. Затоа што тоа што посееш, тоа ќе никне.
  4. Не ги омаловажувајте неговите проблеми. Животот му е даден секому според неговата сила, затоа верувајте дека не му е полесно отколку вам, и можеби му е потешко затоа што тоа нема искуство.
  5. Не го понижувајте!
  6. Не заборавајте дека најважните средби на еден човек се средбите со неговите деца. Обрнете повеќе внимание на нив – никогаш не знаеме со кого тоа сме сретнале во детето.
  7. Не се мачете себеси ако не можете да направите нешто за вашето дете, само запомнете: за детето не е сторено доволно ако не е сторено сé што може да се стори.
  8. Детето не е тиранин кој го освоил вашиот живот, тој не е само плод на крв и тело. Тоа е скапоцен пехар што ви го доверил вашиот живот да го чувате и да го одржите во него креативниот пламен. Тоа е ослободувачка љубов на мајка и татко која не го одгледува „нашето“ дете, туку душата која им е дадена за чување.
  9. Знајте како да сакате туѓи деца. Никогаш не му правете на туѓото дете нешто што не би сакале некој да му го прави на вашето.
  10. Сакајте го своето дете какво и да е – неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувајте му се во секое обраќање, зашто детето е празник сè додека е со вас.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]