Седум заблуди заради кои мајките се откажуваат од доењето

Ви донесуваме седум вообичаени заблуди за доењето, количината и квалитетот на млекото, заради кои многу мајки неоправдано се откажуваат од доење.

0
132

Секое дете различно пристапува кон хранењето, единствено што им е заедничко е тоа што за сите деца мајчиното млеко е најдобрата можна храна што можат да ја добијат во првите денови од својот живот и дека не треба да им се даваат дополнителни течности на деца кои се исклучиво доени. Имајќи го тоа предвид, ви донесуваме седум вообичаени заблуди за доењето, количината и квалитетот на млекото, заради кои многу мајки неоправдано се откажуваат од доењето.

1. Градите се испразниле

Полнотата на градите не е добар показател за количината на мајчино млеко што го исцицало бебето. Оваа ситуација може да се смени за неколку часа. Честопати жените кои често и правилно ги поставуваат бебињата на своите гради, никогаш не чувствуваат прекумерна исполнетост во градите. Сепак, понекогаш надоаѓа повеќе млеко отколку што му треба на бебето. Во ниту една ситуација не можеме да бидеме сигурни дека бебето испило доволно млеко, само ако показател за тоа е полнотата на градите.

2. Детето често се буди ноќе

Фактот дека бебето спие цела ноќ не е показател дека пиело доволно мајчино млеко. Напротив, ако 10-дневно дете спие цела ноќ, најчесто не јадело доволно. Познато е дека дете кое премногу спие и не бара самото да јаде, не добива доволно млеко. Постојат многу исклучоци, но во овој случај треба да се побара помош од експерт.

3. Бебето плаче по доењето

Иако детето може да плаче после јадење поради глад, постојат и други причини зошто детето може да плаче. Нема потреба да се ограничува времето на доење. И, спротивно на вообичаениот совет да доите 20 минути на едната дојка, па исто толку на другата дојка, би било подобро да го завршите хранењето на едната дојка, а дури потоа да преминете на другата, ако тоа го сака детето.

4. Бебето често цица или цица долго време

За една мајка што го дои детето на секои три часа може да изгледа премногу често, додека за друга истиот период е предолг. Хранењето кое трае 20 минути е предолго за една мајка и прекратко за друга. Во реалноста, не постои правило колку долго или колку често треба да се храни дете.

Не е точно дека бебето добива 90 проценти храна во првите 10 минути од цицањето. Дозволете му на вашето дете само да го одреди распоредот на неговото хранење. Покрај тоа, запомнете дека бебето може да биде на градите 24 часа, но ако не цица правилно, нема да пие доволно млеко. Ако детето јаде правилно само две минути, може да исцица доволно за цел оброк. Ако бебето заспие брзо на градите, постојат одредени процедури со кои можеме да го „убедиме“ да продолжи да цица.

Ако сепак немате доволно млеко и додаток е навистина неопходен, постојат начини на кои децата можат да се хранат без употреба на вештачки цуцли.

5. Можам да измолзам само половина од потребната количина за оброк

Ова не значи апсолутно ништо и не треба да се грижите за тоа. Од таа причина, не треба да се издојувате само „за да знаете“. Повеќето мајки имаат доволно млеко. Најчеста причина за бебето да не добие доволно млеко, што може да го добие и кое е во градите, е лошо држење на телото или неправилно цицање или и двете. Овие проблеми обично се лесни за решавање.

6. Бебето сака шише по доењето

Ако на бебето му понудите шише по доењето и тоа го прифати, тоа не мора да значи дека е гладно по доењето, а овој метод на проверка е штетен за квалитетно доење.

7. Пет недели старо бебе се оддалечува од градите, но се чини дека е сè уште гладно

Ова не мора да значи дека мајчиното млеко „пресушило“ или изгубило квалитет. Во текот на првите недели од животот, бебињата обично заспиваат на дојките кога протокот на млеко се намалува, дури и кога не го завршиле хранењето.

Постарите бебиња (стари четири до шест недели) повеќе не треба да заспиваат на градите за време на хранењето и честопати се оддалечуваат од градите. Ова не значи дека количината на млеко е променета, туку се сменило детето. Постојат поспецифични методи, како што е притисок на дојката, за да се „убеди“ бебето да продолжи да цица.

Фото: Pexels

loading...