Српски лекар предупредува: Парацетамолот е канцероген, не им го давајте на децата!

Деновиве во Калифорнија повторно наголемо се разгледува канцерогеноста на еден од најупотребуваните лекови во светот – ацетаминофен кај нас познат како парацетамол. Српскиот пулмолог и алерголог д-р Несторовиќ порачува: Ние им го даваме на децата цело време, но во никој случај не би требало!

0
1446

„Завчера во Калифорнија парацетамолот беше ставен на листата канцерогени супстанции. Јас тоа постојано го зборувам, тоа е многу опасен лек затоа што му штети на црниот дроб и на мозокот. Може да се даде бруфен, но генерално најдобро би било температурата да се симнува со ‘селски’ методи“, вели српскиот пулмолог и алерголог Д-р Несторовиќ за лекот што сите го имаме во нашата домашна аптека.
Многу родители кога нивните деца имаат висока температура посегаат токму по овој лек.
Кога ќе видиме на термометарот дека детето има температура од 39 или 40 степени, не облева ладна пот, па кога дури и антипиретикот не успева да помогне, тогаш започнуваме со алтернативни мерки.
Постојат бројни совети за намалување на температурата, од советите на нашите баби до прастарите методи, па меѓу нив се туширањето, ставање сенф на нозете, листови од компири, мешавина од оцет и пченкарно брашно, но што е најефикасно?
Д-р Бранимир Несторовиќ, пулмолог и алерголог открил кој алтернативен метод за отстранување на температурата е најефикасен.
„Дали знаете зошто луѓето имаат температура и кој оздравува побрзо, оние што ја симнуваат или оние што не ја симнуваат температурата? Оние кои не ја симнуваат температурата, побрзо се оздраваат, затоа, не треба да се симнува многу, освен ако детето изгледа многу лошо. Постојат англиски препораки кои велат температурата да се симнува ако е многу висока, а детето изгледа лошо. Надвор од тоа, не. Она што е најдобро е туширање со млака вода и да се истрие детето со мека крпа како да се поти“, вели д-р Несторовиќ.
Од природните лекови, на пример, за возрасни, вели докторот, кафето е најефикасно за симнување на температурата. „Силното концентрирано кафе на секои 4 часа е одличен антипиретик.
Можеби е најдобар листот од тиква, но каде да го најдеме сега? Тој е врвен во симнувањето на температурата, се вари еден ипол грст листови од тиква на литар вода и се консумира 4 пати на дневно и нема температура, ова е врвна терапија“, открива д-р Бранимир Несторовиќ.
Кога температурата одеднаш ќе се качи, родителите за што побрзо да ја симнат, честопати се прашуваат дали се поефикасни супозиториите или сирупите?
„Ве молам немојте супозитории (чепчиња) затоа што апсорпцијата од дебелото црево е променлива и не е иста кај сите деца“, потенцира лекарот и додава:
„Температурата е одбранбен механизам, исклучително ефикасен, дури и ладнокрвните животни ја зголемуваат температурата кога се болни. Рибите ја зголемуваат телесната температура кога се болни. Тоа е природен механизам за убивање на вируси и бактерии. Само ако детето изгледа лошо, ако го боли главата, ако е малаксано, тогаш треба да се спушта температурата“, заклучува д-р Бранимир Несторовиќ.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]