Станала дула за да може да присуствува на раѓањето на своето внуче

Поради ковид-мерките, единствениот начин на кој њујорчанката Кори Аџми можела да присуствува на породувањето на својата ќерка, било можно само ако стане дула. Станала дула посетувајќи интензивен тринеделен онлајн курс

0
180

За време на здравствената криза од 2020. година, идеите на многу родители за тоа како нивните деца ќе дојдат на светот се сменија многу брзо. Така, некои жени мораа да ги пречекаат своите бебиња без присуство на партнерот, што за многумина е застрашувачко искуство.

Њујорчанката Кори Аџми била една од луѓето чии семејства биле погодени од новите правила во болниците. Нејзината ќерка била бремена со своето прво дете кога сè се сменило, но набргу сфатиле дека гувернерот Ендру Куомо смета дека дулите се неопходни и дека нема да им ја забрани работата. Дула е назив за едуцирана жена која им дава информативна, физичка и емоционална поддршка на бремените жени пред, за време и по породувањето.

Кори знаела дека сака да биде присутна за време на раѓањето на нејзиното внуче и сфатила дека тоа ќе биде можно само ако стане дула. Својата приказна ја споделила со порталот LittleThings.
„Мојата ќерка Рејчел остана бремена во април 2020 година, точно кога гувернерот на Њујорк, Куомо издаде извршна наредба со која се бара во болниците во Њујорк родилките да имаат придружба од потребното лице за поддршка“, објаснила Кори.

Таа зборувала со својата ќерка Рејчел.

„Рејчел навистина сакаше да бидам со неа. И јас сакав да бидам таму”, рекла таа. „Знаев дека мојата улога во родилната сала е важна и не ми се чинеше правилно да помине низ породувањето сама“.
Сепак, таа верува дека мајката, дулата и партнерот имаат сосема различни улоги за време на породувањето и дека сите тие се подеднакво важни. Но, бидејќи присуството на членови на семејството било забрането, таа одлучила да заврши курс за дула.

„Завршив интензивен курс преку интернет. Се одржа во текот на три дена, од 9 до 19 часот. Потребно беше многу читање и гледање видеа. Имав претходно искуство во родилни сали и морав да добијам потврда од лекарот дека моето присуство таму било корисно, компетентно и професионално. Исто така, морав да добијам потврда и од мајките на чии породувања сум присуствувала. На крајот, морав да полагам тестови“.

Некои работи што ги научила ѝ помогнале да ја оддели улогата на мајка од улогата на дула.

„Како индивидуа, можам да имам свои убедувања, склоности или мислења. Како дула, моите мислења за епидуралната или за доењето, на пример, морам да ги задржам за себе”, рекла таа. Да ги едуцирам, а потоа да ги охрабрам мајките да се заложат за себе“.

Таа се надева дека ќе продолжи да работи како дула и во иднина затоа што на оваа работа гледа како на свој повик.

„Охрабрувањето и поддршката на жените ми носи толку многу радост!“, заклучила таа.

Фото: Unsplash

loading...