Стискај, стискај, ајде, ајде само уште еднаш….

Изгледа му дојде крајот на она што постојано го слушаат родилките ширум светот: „Стискај, стискај, ајде, уште малку, само уште еднаш....“ Една британска болница вовела нова практика - им дозволуваат на родилките сами да го одработат породувањето, без да им се прави притисок во текот на целиот процес

0
166

Многу бремени жени слушаат разни хорор приказни од родилните сали, особено оние поврзани со вагинално пукање. Но, една болница во Велика Британија нашла начин да постигне подобри резултати за мајките и нивното меѓуножје.

Тие едноставно престанале да им кажуваат на родилките кога да стискаат. Значи, наместо да се чувствуваат како да се дел од екипаж за веслање, додека им се повторуваат упатства за време на породувањето – жените во болницата Medway Maritime им дозволуваат на нивните тела сами да го одработат породувањето, без да им се прави притисок во текот на целиот процес.

Верувањето дека жената знае што се случува во нејзиното тело подобро отколку некој што стои до неа довело до намалување на случаите на распукување на меѓуножјето од 7 на само 1 процент во период од 12 месеци.

Лежењето на грб е исто така неприродно за телото за време на породувањето, па мајките се охрабруваат да испробуваат и други позиции освен класичната лежечка положба, како што се клечење или стоење за време на породувањето. Многу жени ќе речат дека лежењето на грб за време на породувањето е всушност неприродно и често доведува до интензивен нагон за промена на положбата.

Покрај тоа, лежењето на грб го намалува протокот на крв и ја затвора карлицата за дури 20 проценти, зголемувајќи ги шансите за вагинално пукање и епизиотомија. Светската здравствена организација дури препорачува оваа позиција целосно да се избегне, нарекувајќи ја „очигледно штетна“.

Се разбира, ако мајката или детето се под стрес или има други компликации, персоналот нема да им дозволи на жените само да легнат и да им речат: „Не треба да им кажуваме да притискаат“. Постои исклучок од секое правило. Но, породувањето е, обично, едноставен процес. Нашите тела природно знаат како да реагираат за време на породувањето. Моменти кога тоа не е случај се причината што лекарите и акушерките се покрај нас.

И, тоа намалување од 7 на 1 процент е толку импресивно што резултатите од програмата на оваа болница биле објавени во престижниот Европски журнал за акушерство и гинекологија и репродуктивна биологија, така што најновиот пристап може да биде земен предвид и од другите болници.

Фото: Freepik

loading...