Тик Ток причина за тикови кај младите

Лекарите кои третираат нарушувања во однесувањето забележале дека тинејџерките доаѓаат на нивниот третман со тикови слични на оние кај Туретовиот синдром, па нашле што им е заедничко на сите нив.

0
93

Популарната социјална мрежа „Тик-ток“ ги надмина „Фејсбук“, „Вацап“ и „Инстаграм“ по бројот на преземања од продавниците за апликации и во моментов бележи повеќе од милијарда активни корисници месечно. За време на пандемијата, кога многумина останаа дома, оваа мрежа значително го прошири кругот на корисници кои гледаа кратки видеа, одговараа на разни предизвици и губеа време на сите можни начини. Но, требаше да се очекува дека сето ова ќе има последици и врз нивното ментално здравје.

Лекарите што третираат нарушувања во однесувањето забележале дека од почетокот на пандемијата помлади жени, најмногу тинејџерки, сѐ повеќе страдаат од тикови слични на оние при Туретов синдром, па открија што е заедничко за сите нив.

Овој синдром во просек го имаат 4-5 луѓе на 10.000 луѓе, почест е кај мажите и најчесто се развива во детството или раната адолесценција – што одговара на возраста на девојчињата што го развиле во пријавените случаи.

Но, во овие случаи девојчињата немаа нарушувања на нервниот систем како во случај на Туретов синдром, туку ги добија своите тикови од „Тик-ток“. Излезе дека многумина често гледале видеообјави на „Тик-ток“ на луѓе со Туретов синдром, а потоа развиле слични тикови. Покрај тоа, тие често покажувале симптоми на вознемиреност и депресија, а тиковите започнале прилично нагло.

Заклучокот е дека „Тик-ток“ е причина за овие медицински проблеми, особено затоа што тиковите на младите девојки се невообичаени. Пациентите што страдаат од Туретов синдром обично развиваат уникатни тикови, а кај „Тик-ток пациентите“ е забележано дека тие имаат тикови слични на оние што се гледаат на оваа социјална мрежа. Тие несвесно имитирале луѓе со Туретов синдром и „Тик-ток“, поради неговите алгоритми, им покажал голем број такви видеа – што довело до развој на нарушување.

Позитивно во целата приказна е тоа што овие тикови можат да се третираат. Но, за тоа е потребно пациентите да се тргнат од социјалните мрежи.

Патем, базата на „Tик-ток“ се состои од речиси една третина корисници на возраст од 10 до 19 години (податоци за САД). Во просек, корисниците трошат дури 52 минути дневно на оваа апликација, додека корисниците под 15 години – 80 минути дневно.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]