Украинскиот владика Лонгин и неговите 415 деца (ВИДЕО)

За епископот Лонгин Черновички, игумен на манастирот Свето вознесение во Банческу, Украина, може да се каже дека е една од ретките светли точки во мрачниот живот на повеќе од 400 деца кои живеат во сиропиталиштето во рамките на овој манастир. Голем дел од нив, родени со ХИВ, со разни инвалидитети и пречки во развојот

0
2617

Во време кога корона вирусот е тема број еден во светските медиуми, приказната за еден епископ од Украина може да го разубави денот и да ја врати вербата и надежта на луѓето за подобро утре. Имено, веќе неколку децении, владиката Лонгин се грижи за оние на кои им е најпотребна помош, напуштени деца, од кои некои се родени со вирусот ХИВ, некои се слепи и глуви, некои се родени без екстремитети, некои имаат пречки во развојот, а сите се отфрлени од родителите.

За епископот Лонгин Черновички, игумен на манастирот на Светото вознесение во Банческу, Украина, може да се каже дека е една од ретките светли точки во мрачниот живот на повеќе од 400 деца кои се или поминале низ сиропиталиштето во рамките на овој манастир.

Лонгин ги посвојува сите деца кои биле отфрлени од нивните родители, а досега, од 415 деца, под неговото презиме биле регистрирани дури 250 деца, почнувајќи од 90-тите години на минатиот век. Бидејќи многу од овие деца заради различни околности морале во документите да имаат и име на родителите, владиката лично посвоил двесте и педесет деца и сите тие го нарекуваат „тато“!

Тие кои имале можност да се сретнат со него велат дека е жив светец, а како причина ги наведуваат неговата љубов и посветеноста кон децата.

Благодарение на него, голем број деца биле спасени од улицата и однесени на вистинскиот пат, поради што сите го сметаат и го нарекуваат свој татко, и подоцна, кога ќе формираат свои семејства, кога ќе завршат училишта и факултети, се враќаат во манастирот да му помогнат на Лонгин да ги воспитува и насочува другите деца.
За него и другите благородни монаси беше направен документарен филм (Тврдина), кој покажува како и со колку љубов се грижат за најмалите кои го најдоа своето семејство и својот дом под покривот на манастирот.

Фото: Фејсбук

loading...