Учител за пример

Џим Фримен е учителот од Кентаки кој на грб ја однесе својата ученичка која боледува од Спина бифида на училишен излет. Што мислите за можноста ова некогаш да го направи некој негов македонски колега? Или изговорот ќе биде дека не се доволно платени?

0
310

За Џим Фримен, учителот од Кентаки зборува целиот свет откако неговите фотографии беа објавени на Фејсбук од мајката на девојчето кое боледува од Спина бифида. На фотографиите се гледа како Фримен ја носи својата ученичка Рајан Кинг на грб, за да не го пропушти училишниот излет со своите соученици на водопадите кои се наоѓаат во рамките на еден државен парк во државата Охајо.

Кај девојчето станува збор за вроден дефект кој го карактеризира расцеп на ‘рбетот, а заболените се инвалиди целиот живот.

Одделението а ова 10-годишно девојче требало да оди на излет на водопадите, но поради непристапниот терен, Рајан немало да може да се движи во инвалидска количка, па нејзиниот учител се понудил да ја однесе на грб и тоа и го сторил. Фотографиите го привлекле вниманието од корисниците на социјалните мрежи од целиот свет.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]