Хрватска геј двојка добила дозвола да вдомува деца

„Пресреќни сме. Како што и рековме и на судијката, ова е божиќен подарок на каков што не се осмелувавме да се надеваме“, изјавиле за тамошните медиуми Иво Шегота и Младен Кожиќ.

0
293

Судот во Хрватска одлучил дека истополната брачна двојка Иво Шегота и Младен Кожиќ имаат право да бидат вдомувачи на деца, а надлежното министерство за демографија, кое минатата година им го одбило барањето за извршување на вдомителство, во рок од 60 дена треба да донесе нова одлука, овојпат базирана на домашното и меѓународното законодавство. Ова произлегло од одлуката на Управниот суд во Загреб кој ги поништил досегашните решенија, односно, одбивањата од надлежниот центар за социјална работа и ресорното Министерство.

Одлуката на судот е облигаторна и жалбата не е дозволена, такашто оваа пресуда е конечна.

Пишано образложение сé уште не е стасано, но како што е речено во текот на објавата, судот ја прифатил нашата аргументација од тужбата, базирана на хрватските прописи и Европската конвенција за човекови права, па им наложил на надлежните носење на нова одлука во согласност со пресудата. Веруваме дека надлежните ќе ја почитуваат судската одлука“, истакнува адвокатката која ги застапува Шегота и Кожиќ.

Пресреќни сме. Како што и рековме и на судијката, ова е божиќен подарок на каков што не се осмелувавме да се надеваме“, им изјавил на новинарите на загрепскиот Утрински лист, Иво Шегота.

Тој со својот партнер Младен Кожиќ меѓу првите, веднаш по донесувањето на Законот за животно партнерство, во 2015.година склопил животно партнерство. Желбата семејството да им се прошири и да имаат деца кај нив постоела и претходно.

Долго сакавме да бидеме родители. Затоа, набрзо по венчавката, поднесовме барање до надлежниот цетар за социјална грижа да станеме потенцијални посвојувачи, но веднаш бевме одбиени, поради што исто така поднесовме судска постапка на Управниот суд која уште трае“, вели Шегота.

Не се обесхрабриле и почнале да размислуваат за други опции како што е вдомувањето. „Свесни сме дека е тоа привремена, а не трајна грижа за деца и дека вдомителите не се посвојувачи, но заклучивме дека и таа опција би била остварување на нашите соништа“, рекол тој.

Фото: Утрински лист/Иво Шегота и Младен Кожиќ

[better-ads type='banner' banner='999' ]