Четвртина од испитаните деца во Велика Британија никогаш не пробале јаболко

Стотици британски деца никогаш во животот не јаделе јаболко, односно, четвртина од анкетираните, а петтина не ни слушнале за банана.

0
259

Во студијата која опфатила 1.000 деца на возраст меѓу 6 и 11 години, многу од децата не знаеле многу за тоа од каде доаѓаат овошјето и зеленчукот, објави денес весникот „Sun”.

Стотици британски деца никогаш во животот не јаделе јаболко, односно, четвртина од анкетираните, а петтина не ни слушнале за банана.

Една третина верува дека овошјето и зеленчукот едноставно доаѓаат од супермаркетот, додека 11% од нив сметаат дека се прават во фабрика.

Други плодови за кои не слушнале се јагоди (21 процент), лимони (27 проценти), додека 31 процент никогаш не јаделе портокал.

Истражувањето го спроведеле од „Beko” и „Harvest Frest Fridge” технологиите за ладење.

Студијата покажала дека 32 проценти од децата сметаат дека овошјето и зеленчукот се од друга земја, едно од десет верува дека ниту едно не е одгледано во Велика Британија.

Кога станува збор за зеленчук, многу деца не слушнале за слатка пченка (29 проценти), карфиол (33 проценти) и моркови (25 проценти).

Некои никогаш не пробале брокула (36 проценти), грашок (34 проценти) и компири (29 проценти).

Фото: Freepik

loading...