Четири важни приказни за родителството

Замислете, на вашето дете му се лизнала чашата со млеко и тоа се разлеало низ целата кујна. Дали му велите: Сине, какво прекрасно море си направил?!

0
213

Четири приказни за родителство кои секогаш треба да ги имате предвид.

Дали одгледуваме деца или цвеќиња?

Дејвид, мојот сосед, има две деца. Синови од пет и седум години. Еден ден му покажуваше на својот седумгодишен син Кели како да управува со косилка за трева низ дворот. Додека го поучуваше како да ја сврти косилката на крајот на тревникот, неговата сопруга, Ана, го праша нешто од прозорецот. Дејвид се сврте да ѝ одговори, а Кели ја прошета косилка низ дворот и право преку цвеќињата што Дејвид внимателно ги одгледуваше. Кога мојот сосед се сврте и виде што се случи, беше бесен. Почна да вика пред неговиот син, а потоа Ана брзо се приближи до него, му ја стави раката на рамо и рече:

– Дејвид, смири се. И запомни – ние одгледуваме деца, а не цвеќиња!

Ана ме потсети на важноста да не ги заборавам нашите приоритети како родители. Децата и нивната самодоверба е поважна од кој било предмет што може да се скрши или оштети. Скапоцената вазна е веќе скршена, солта е веќе истурена, стаклото е веќе пукнато. Цветовите се веќе мртви. Во тие моменти треба да имаме предвид дека е исправно само да се остане смирен и да не викаме на детето кое е безбедно и разбира дека направило грешка.

Истурена вода

Неодамна се случи друга ситуација што ме натера да размислувам. Пред неколку недели, разговарав со еден колега за децата. Тој ми рече дека додека сите заедно вечерале, неговата седумгодишна ќерка ја искршила чашата со вода. Откако водата била избришена, без негодување на родителите, детето ја кренало главата и рекло:

„Знаете, сакам да ви се заблагодарам што не сте како другите родители.“ Родителите на повеќето деца би викале на нив во таква ситуација, од гнев, од желба да се осигурат дека таков инцидент повторно нема да се случи.

Истурено млеко

Еднаш, на вечера со пријателите, се случи нешто слично. Нивниот петгодишен син истури чаша млеко на масата. Тие веднаш побрзаа да го искараат, а јас, додека му држеа лекција, намерно ја истурив чашата. Кога почнав да кажувам дека на 48-годишна возраст, сè уште повремено ми се случува да истурам нешто, момчето блесна од радост, а родителите како да го разбраа ова престанаа да го караат. Колку е лесно да се заборави дека сите ние учиме низ целиот живот.

Мајката на научникот

Неодамна, од Стефан Глен (познат психолог) ја слушнав приказната за еден славен истражувач кој стои зад неколку многу важни медицински откритија. За време на интервјуто за печатот, го прашаа што го прави различен од другите?

Тој рече дека, според него, сето тоа се должи на неговото искуство со неговата мајка кога имал две години. Тој се обидел да извлече шише млеко од фрижидерот, но шишето било лизгаво, паднало и млекото се истурило во кујната!

Кога неговата мајка влегла во кујната, наместо да вика и да го казни, му рекла:

„Роберт, какво прекрасно море си направил! Не сум видела толку голема млечна бара. Знаеш, Роберт, кога некој ќе направи таков хаос, на крајот на краиштата, сè треба да се исчисти и да се расчисти. Па, кажи ми како сакаш да го направиме ова? Можеме да користиме сунѓер, пешкир или крпа за подот. Избрал сунѓер и тој и неговата мајка го исчистиле истуреното млеко.

Тогаш неговата мајка му рекла:

„Знаеш, ти се обиде да го извадиш шишето млеко со твоите две мали раце и тоа не ти успеа. Ајде да одиме во дворот сега, да го напополниме шишето со вода и да видиме дали можеш да најдеш начин да го носиш без да го истуриш. Момчето открило дека ако го држи шишето со две раце за грлото во близина на врвот, може да го носи без да го испушти. Колку прекрасна лекција!

Овој познат изумител рекол дека во овој момент сфатил дека не треба да се плаши од грешки. Наместо тоа, тој научил дека грешките ни овозможуваат да научиме нешто ново, што е во крајна линија научен експеримент. Дури и ако експериментот е „неуспешен“, на крајот ќе научиме нешто вредно од тоа.

Зарем не би било прекрасно ако сите родители реагираат како мајката на Роберт?

Да не заборавиме дека духот на нашите деца е многу поважен од материјалните работи. Кога мислиме на тоа, самодовербата и љубовта цветаат и растат многу поубаво од кое било цвеќе.

Фото: Pixabey

Текстот е преземен од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]